ВИДЕО: Travelmate е куфер кој ќе ве следи во чекор

- Advertisement -

Во оваа поплава од паметни уреди ретко кој би помислил на паметен куфер, но екипата на Travelmate Robotics заврши одлична работа и осмисли куфер кој ќе ве следи секаде. Куферот се движи сам, го следи сопственикот, има вграден GPS, батерија на која може да се полнат други уреди, а изгледа неверојатно.

Под привлечната надворешност се крие технолошко чудо, пишува Zimo. Мноштвото сензори му помагаат на Travelmate да се движи и во гужва, да препознава препреки и да се снаоѓа во сложени ситуации. Може дури и да препознае едноставни гестови и гласовни наредби.

- Advertisement -

Покрај тоа, во себе има вградена вага за секогаш да знаете колку багаж носите, а GPS ќе се погрижи да можете да го пронајдете и кога од авиокомпанијата ќе ви кажат дека ви го изгубиле багажот. Багажот доаѓа во три величини, а со него управувате со помош на паметен телефон и апликација.

Од Travelmate Robotics велат дека ова не е обичен куфер туку вистински роботски асистент кој се грижи вашиот багаж да дојде на крајната дестинација. Travelmate може да се нарача по цена од 1.000 до 1.500 долари, во зависност од големината. Иако цената е висока, толку е голема побарувачката за Travelmat што и да нарачате куфер денес, ќе мора да го чекате три месеци.

Сподели!
- Advertisement -