19 C
Skopje
петок, мај 7, 2021

Објавена листа на Top 100 највредни компании во регионот, која е највредната во Македонија?

Kabtel desktop

Највредните компании во регионот доаѓаат од Хрватска и Романија, а најголем профит оствариле компании од Србија, јавува Al Jazeera Balkans

Веќе втора година по ред, највредната компанија во регионот е хрватската нафтена компанија INA. Според извештајот Top 100 2017 на SEENews, вредноста на INA изнесува 3,837 милијарда евра.

На второто место се наоѓа романскиот OMV Petrom SA со вредност од 3,2 милијарда евра. Со поместување за пет места, на третото место се најде Zagrebačka banka. 

Во Србија највредна компанија е Naftna industrija Srbije која во регионалното рангирање се најде на дванаесеттото место, додека пак на тринаесеттото се најде највредната црногорска компанија Crnogorska komercijalna banka.

Од Босна и Херцеговина највредната компанија е BH Telecom која пак на регионалното рангирање бележи пад од четири места и се наоѓа на дваесет и првата позиција. Македонски Телеком, која е највредната компанија во Македонија, исто така бележи пад на регионалното рангирање и тоа од пет места, со што го зазеде дваесет и осмото место.

Бугарската фармацевтска фирм Sopharma AD е највредната во Бугарија, додека пак е пласирана на четириесет и шесттото место на регионалното рангирање Top 100 SEE.

Извештајот кој излегува веќе десетта година по ред покажува дека највредните компании во регионот најчесто доѓаат од Хрватска и Романија, додека пак најголем профит остваруваат фирмите во Србија. Албанија и Молдавија немаат претставници меѓу највредните сто компании во регионот.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •