Мерита Рамадани Алими, дел од програмата “Жените и претприемништвото“ која се одржува во САД

- Advertisement -

Мерита Рамадани Алими, претприемачка од Македонија, е единствената жена од бизнисот од овој регион која од 26 февруари до 16 март ќе учествува во програмата „Жените и претприемништвото“ која се одржува во САД

Оваа мултирегионалната лидерска програма која ја организира Стејт Департментот на САД, има за цел да го поттикне искористувањето на неискористениот потенцијал на жените во бизнисот, кој што е многу важен фактор за економски раст и развој на секоја земја. Преку овој проект и посета на повеќе локации во Соединетите Американски Држави ќе се се илустрира влијанието коешто го имаат бизнисите во сопственост на жени врз економијата на САД, и ќе се истражат можноста за поголемо учество на жените во глобалната економија.

Учесничките од повеќе земји од светот ќе имаат шанса да посетат приватни компании, бизнис инкубатори, финансиски институции, училишта и менторски програми. Ќе дискутираат за социјалните, економските и политичките фактори кои влијаат и ги охрабруваат жените – сопственици на мали, средни и големи компании.

- Advertisement -

Целта на проектот е да се истражат примери од претприемништвото во САД, особено жени претприемачи; да се истражи улогата на невладините и локалните организации во подршката за развојот на бизнисите во сопственост на жени; да се истражат економските, социјалните и политичките фактори кои влијаат врз развојот на приватните компании во САД, како и да се анализираат стратегии за креирање работни места, различни бизнис модели, механизми за поддршка и општествените бариери за претприемачите, особено жените

Госпоѓа Мерита Рамадани Алими е жена-бизнисмен која има 15-годишна карера во повеќе области во Македонија.

- Advertisement -

Искуставата во развој на женско претприемништво од овој престој во САД, таа ќе ги сподели со читателите на Иновативност по нејзиното враќање.

Сподели!
- Advertisement -