Компанијата Next Future Transportation со седиште во Калифорнија објави дека во Дубаи ќе почнат да се тестираат нивните беспилотни електрични возила NX1, кои се хибрид од автомобил, автобус и воз. Секое возило е долго 2,8 метри, широко 2,2 метри, тежи околу 1,5 тони и има капацитет да превезe до 10 луѓе. Максималната брзина им е околу 20 км/ч, што е доста бавно, но со оглед на тоа колку е еколошка оваа технологија, ова е голем придонес за индустријата за зелени возила.
Од Next Future Transportation тврдат дека овие возила се најдобри за кратки до средни патувања. Тврдат и дека батеријата овозможува точно 3 часа возење, а потребни се 6 часа за да се наполни. Но, кога ќе се испразни батеријата не мора да застануваат за да ја наполнат, туку доаѓа друго возило и само ја заменува батеријата. Возилата се опремени со сензори и камери со цел максимална безбедност на патниците. Исто така, може и да се спојат едни со други благодарение на посебни уреди за електромеханичко поврзување, пишува The News Wheel.
Целта на владата на Дубаи со овие возила е ова да биде првиот чекор кон остварување на мисијата до 2030 година 25% од сите возења во градор да се вршат со беспилотни возила. Доколку тестирањето помине успешно, возилата ќе може да се користат и во други земји во светот, како и во САД.