Ротирачкиот соларен колектор на „Еко солар“ од Штип и грее и рекламира

- Advertisement -

„Еко Солар“ е една од петте иновативни компании, кои Фондот за иновации и технолошки развој ги одбра на јавниот повик ,,О2 Предизвик’’, да ги развијат своите иновативни технолошки решенија за намалување на загадувањето на воздухот во градовите. За оваа интересна иновација- соларен воздушен колектор, чија целна група се се домаќинствата, спортските сали, галериите, музеите, работилниците, разговаравме со Стефан Трајков, дел од тимот на Еко Солар

 

Компанијата „Еко Солар“ на пазарот за соларна техника постои повеќе од 20 години. Се занимава со производство, монтажа и сервис на термални соларни системи за добивање на санитарна топла вода. Исто така, компанијата работи и на инсталација на мали фотоволтаични системи за викендици. Неодамна, тимот, што брои двајца машински инжинери, еден електроинжинер и двајца машински техничари, го промовираше и производството на соларни сушари. Компанијата врши обука за монтажери на соларни системи и изработка на опрема за основни и средни училишта, поврзано со искористување на сончевата енергија.

- Advertisement -

„Еко Солар“ е една од петте иновативни компании, кои Фондот за иновации и технолошки развој ги одбра на јавниот повик ,,О2 Предизвик’’, да ги развијат своите иновативни технолошки решенија за намалување на загадувањето на воздухот во урбаните средини во Македонија. На предизвикот, „Еко солар“ е наградена за нејзиното технолошко решение за изработка на соларен воздушен колектор со ротирачки келии, кој го загрева воздухот со помош на сончева енергија и помага за догревање на просториите. Намената на колекторот е да служи како дополнување на постоечки систем за греење во објектите. Покрај еколошката, овој колектор има и економска вредност, бидејќи воедно служи и како простор за рекламирање.

Овој нов производ е поводот да разговараме со Стефан Трајков, машински инжинер, дел од тимот што работи на неговото решение.

- Advertisement -

Г-дин Трајков, вашето технолошко решение за изработка на соларен воздушен колектор со ротирачки келии, кој го загрева воздухот со помош на сончева енергија и помага за догревање на просториите, е добитник на проект на јавниот повик за намалување на загадувањето во урбаните средини „О2 предизвик“. Може ли да ни кажете подетално за какво решение станува збор?

Се работи за еден нов вид на воздушни колектори кои се користат за догревање на одреден простор. Oвој колектор се инсталира како дополнителен уред на веќе постоечкиот систем за греење. Интересно е да се напомене дека воздушниот колектор може да работи и независно, бидејќи има инсталирано мал фотоволтаичен панел. Ќелиите на апсорберот се во форма на триаголник и секоја од нив има посебна намена. Едната е обоена со селективна боја, со цел да апсорбира поголемо количество на сончево зрачење . Втората страна е рефлектирачка , најчесто обоена со бела боја и овој дел се користи во летниот период кога немаме потреба од греење. Третата страна се користи за поставување на рекламен материјал , поточно за вечерните часови кога немаме сончево зрачење . Поинаку кажано, овој колектор буквално се користи во текот на целата година и дење и ноќе.

- Advertisement -

Во која фаза е разработката на решението за соларниот колектор во моментов?

Во моментот сме во фаза во која во новата серија на воздушни колектори ќе се обидеме да ги надминеме сите недостатоци што ги имавме предходно. Ни претстои и тестирањето, а планираме новите колектори да ги тестираме преку загревање на спортска сала, што се наоѓа во близина на „Еко Солар“. Како меродавен показател ќе ги земеме сметките за електрична енергија, споредени пред и по поставувањето на нашиот иновативен соларен систем.

Што е иновативноста во вашето технолошко решение?

Како што напоменав предходно, овој воздушен колектор има триаголни ротирачки ќелии. Производите на конкурентните фирми, пак, користат статичен апсорбер. Со нашиот соларен колектор може да се оствари и дополнителен приход, со поставување на рекламен материјал, на една од страните на ротирачките ќелии.

Целта на јавниот повик „О2 предизвик“ на Фондот за иновации и технолошки развој беше намалување на загадувањето во урбаните средини. Како вашето решение допринесува на таа цел?

Како што сите знаеме, Македонија е земја со голем број на сончеви денови и е навистина штета да не се искористат. Овој колектор има цел да ја зголеми амбиенталната температура во објектите, до одредено ниво, за потоа, веќе постоечкиот систем само да го догрее просторот. Не е исто да загревате простор од почетна темперутра од 19 степени Целиусови и на 22 степени. Сметките за електрична енергија, секако, ќе бидат помали, а во просторијата ќе има сув и топол воздух. Со намалената потрошувачка на енергија, ќе допринесеме и за помало загадување на воздухот.

Дали постојат пресметки колкава би била инвестицијата во овој соларен колектор за индивидуалните домови?

Цената на еден ваков воздушен колектор со површина од 2 квадратни метри би била околу 300 евра, без трошоците за монтирање. Важно е да се напомене дека кај овој соларен колектор нема трошоци за одржување, бидејќи работен флуид е воздухот, па нема никаква опасност од замрзување или протекување .

[quote]Цената на еден ваков воздушен колектор со површина од 2 квадратни метри би била околу 300 евра[/quote]

Дали соларниот колектор ќе може да го користат и колективните станбени објекти?

Може да се користи, но монтажата на вакви објекти е отежната. Главна целна група за нашиот соларен воздушен колектор со ротирачки келии, не се зградите, туку домаќинствата, спортските сали, галериите, музеите, работилниците, итн. Во галериите, на пример, внатрешниот воздух треба да биде на одредено ниво, за да не дојде до оштетување на сликите. Исто така, сите сме сведоци колку ретко се загреваат фискултурните сали во основните и средните училишта, затоа што сметките за загревање се голем товар за училиштата. Затоа сметаме дека ваквите колектори се идеално решение.

Сподели!
- Advertisement -