-7.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

LEGO ќе прави коцки од биопластика направена од растенија

Kabtel desktop

LEGO започнува со производство на дел од познатите коцки кои нема да бидат штетни за околината. Тие најавија дека оваа серија ќе биде изработена од пластика со растително потекло, односно изработена од етанол добиен од шеќерна трска, пренесува Huffington Post.

Направени од полиетиленска пластика со растително потекло, LEGO коцките ќе претставуваат неколку ботанички врсти како листови, грмушки и дрва.

Новиот тип на пластика е исто толку траен колку и конвенционалната пластика од која се изработуваат LEGO коцките, а поради фактот дека се работи за биопластика, може да биде рециклирана и реупотребена. Единствениот недостаток е тоа што сепак не се работи за биоразградлива пластика.

Овој чекор е дел од новата стратегија на групацијата да започне да користи одржливи материјали за производите и пакувањето, како и да постигне точка на производство кое ќе создава нула отпад до 2030 година.

Тие исто така склучија партнерство и со фондацијата за заштита на средината WWF како дел од напорите да се намалат емисиите на CO2 и да промовираат глобална акција против климатските промени. Од WWF изјавија дека новите материјали со кои почнува да работи LEGO се одличен чекор кон елиминирање на зависноста од штетни материјали.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!