14 C
Skopje
недела, април 11, 2021

Макпрогрес Виница со нова инвестиција и нов иновативен бренд – Фантазија

Kabtel desktop

Реномираната македонска кондиторска компанија Макпрогрес денес официјално го пушти во употреба новиот погон за производство, преработка и пакување на новиот бренд Фантазија. Се работи за линија на полуготови производи создадени според потребите и барањата на модерните потрошувачи што ќе им овозможат брза и лесна подготовка на омилените рецепти.

Инвестицијата во вредност од 650.000 евра ќе обезбеди нови вработувања и зголемување на извозните капацитети на компанијата.

Технолози, дизајнери и маркетери од Макпрогрес повеќе од две години работеа на креирањето на асортиманот, неговото тестирање и лансирање.

Брендот Фантазија на македонскиот пазар ќе понуди иновативни производи за брза, успешна и лесна подготовка на разни рецепти. Асортиманот на Фантазија го сочинуваат полуготови миксови за колачи или солени кекси, како и додатоци за колачи и кулинарство што се користат за подготовка на колачи, крекери, мафини како и голем избор на декорации за десерти.

Како што кажува и самото име Фантазија, се работи за фантастичен избор на полуготови јадења, подготвени според желбите на модерните потрошувачи кои имаат се помалку време за готвење, а сакаат здраво и убаво да се хранат. Долго време, можеби повеќе од две години, се подготвувавме и работевме напорно на создавање на брендот Фантазија. Тргнавме од идејата дека сакаме да имаме здрави производи кои ќе се подготвуваат за кратко време, а ќе бидат наменети за сите оние кои сакаат повеќе време за себе и дружење со најблиските“ изјави г. Глигор Цветанов, извршен директор на Макпрогрес Виница.

Со своите континуирани инвестиции и висока стапка на раст Макпрогрес повторно го потврдува својот епитет на една од најголемите прехранбени индустрии во Република Македонија, на иновативна компанија која ги следи потребите на потрошувачите и која создава висококвалитетни брендови што можат да се носат со останатите на конкурентните светски пазари.

Макпрогрес е и една од најуспешните извозно ориентирани компании, чии производи се продаваат на пазарите во над 55 држави во светот. Компанијата придонесува кон севкупниот развој на домашната економија, со амбициозна цел до 2020 година да го зголеми производниот капацитет двојно од оној во 2014 година.

Компанијата денес брои вкупно 780 вработени заедно со компанијата Дониа, која ја презедоа неодамна. Бидејќи се компанија која е извозно ориентирана, присутни се во вкупно 55 земји и фокусирани главно на пазарите во централна, југоисточна и западна Европа.

Денес беа најавени и дополнителни инвестиции во вредност од 500.000 евра во Дониа во Прилеп, кои се планирани за втората половина од оваа година, а ќе се започне и со изградба на нова фабрика.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •