Нови хибридни соларни панели собираат енергија од дождовните капки

- Advertisement -

Тим од кинески инженери креираа нов вид хибридни соларни панели кои можат да собираат енергија од дождовните капки. Оваа нова технологија работи со помош на трибоелектричниот ефект, односно одредени материјали ослободуваат електричен набој откако ќе дојдат во контакт со конкретен материјал

Трибоелектричните наногенератори го создаваат тој набој преку триење и може да се користат за собирање на статичниот електрицитет од облеката, тркалата на возилата или екраните на допир. Засега овие наногенератори успешно се користат за собирање на латентната енергија од дождовните капки, пишува Inhabitat.

- Advertisement -

За да направат ваков наногенератор тимот научници додале два слоја од провидни полимери на површината на соларните панели. За да се зголеми ефикасноста на генераторот на слоевите од полимер се испечатени линии како на задната страна од цедеата. Кога паѓаат капките, го притискаaт горниот слој да дојде во контакт со долниот слој, кој функционира како електрода меѓу генераторот и соларниот панел. Иако енергијата која на овој начин се добива со наногенераторот е релативно мала, сепак докажува дека уредот функционира и може да се доработува за понатамошна употреба.

- Advertisement -

https://www.youtube.com/watch?v=1EJjikvvcxs

Сподели!
- Advertisement -