8.7 C
Skopje
среда, октомври 21, 2020

Тајван ќе ја забрани употребата на пластика за еднократна употреба до 2030 година

Kabtel desktop

Конечно една нација која презема вистински мерки кон една иднина без пластика. За неколку години отсега сите кои планираат да патуваат во Тајван ќе мора со себе да понесат и уште некоку работи покрај пасошот и облеката. Ќе треба да понесат стаклено шише за вода, торба за шопинг и челични сламки за пиење, пишува TreeHugger.

Тоа е така затоа што земјата најави импресивна забрана на пластиката за еднократна употреба, која ќе тасртува во 2030 година. Кога таа забрана ќе стапи на сила многу работи кои сега се бесплатни како што се пластичните кеси во продавниците или пластичните чаши за шијалаци.

За да ги подготви жителите за забраната Министерството за заштита на средината направи детален план. Почнувајќи од идната година синџирите ресторани ќе престанат да користат сламки. До 2020 година таа забрана ќе се прошири на сите места за јадење. Бесплатните пластични кеси, амабалажите за храна и пластичниот прибор за храна исто така ќе бидат забранети од сите малопродажни места. Од 2025 година ќе се воведат и дополнителни казни.

Сите тие чекори ќе водат до конечна забрана во 2030 година, а дотогаш жителите ќе бидат навикнати да не користат пластика за еднократна употреба.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •