-1.2 C
Skopje
четврток, декември 2, 2021

Израелски архитекти ја направија првата куќа од коноп во светот

Kabtel desktop

Пионери на израелската еколошка архитектура ја направија рпвата куќа во светот изградена од материјали добиени од коноп. Кога се во прашање новите идеи за одржливи станбени единици, конопот може да се смета за речиси идеален материјал. Тој помага за намалување на емисијата на стакленички гасови и задржување на СО2 во внатрешноста на ѕидовите направени од коноп. Ѕидовите од коноп се отпорни на оган, водоотпорни се, отпорни на скапување доколку не се во директен контакт со земјата.

Првата куќа во светот направена од коноп е сместена среде рид во селото Еин Ход, со предната страна свртена кон Средоземното Море. Ја дизајнираше архитектонското биро Tav Group од Израел. Таа претставува супешен пример за употреба на бетон направен од коноп во современото градежништво. Со своите пастелни бои совршено се вклопува во околината, пренесува сајтот Terrabija. 

Ѕидовите на куќата се дебели 35cm и направени се од мешавина од коноп и вар. Оваа комбинација има повеќе предности почнувајќи од одличните термоизолациски карактеристики до стабилноста, пропустливоста на влага, трајноста. Каменот од локалниот каменолом е искористен за да се изработат носечките елементи на конструкцијата, како и за обложување на подовите.

Куќата има и систем за преработка на водатта кој вклучува сув компостен тоалет и систем за преработка на дождовната вода, која по рециклирањето се враќа во водоводната инсталација на куќата и се користи за туширање, вадење како и за миење чинии.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!