-7.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

Ова се 20 најсреќни земји во светот

Kabtel desktop

Последниот извештај за среќата во светот World Happiness Report открива деа скандинавските земји продолжуваат да доминираат во врвот, а САД стануваат се потажни и потажни. Секоја година со поддршка на Интернационалниот ден на среќата на ОН, Sustainable Development Solutions Network презентира детално разработен извештаj, наречен World Happiness Report, пренесува TreeHugger.

Извештајот се издава еднаш годишно од 2012 година наваму и во него се рангираат 156 земји од светот според нивото на среќа измерено врз база на 6 променливи: здрави години од животниот век, општествена поддршка (некој што ќе ви помогне кога ви треба), доверба (отстуство на коруцпија во владата и во бизнисите), слобода на носење одлуки и дарежливост (се мери според донации).  Податоците се базираат на анкети на луѓе кои својот живот го оценуваат со оценка од 1 до  десет.

Секоја година извештајот звучи како љубовно писмо кога станува збор за скандинавските земји, а годинава не е исклучок. Она што е поразлично годинава од 2017 година е дека САД, која минатата година имаше пад од едно место на 14-тата позиција, годинава падна на дури 18-тото место и ова е најлошо рангирање на САД откако се прави извештајот.

На врвот на најсреќните земји годинава е Финска, но, всушност, годинава првите 10 земји се истите од лани со промена на рангот. Топ 20 најсреќни земји во светот се:

1. Финска
2. Норвешка
3. Данска
4. Iceland
5. Швајцарија
6. Холандија
7. Канада
8. Нов Зеланд
9. Шведска
10. Австралија
11. Израел
12. Австрија
13. Костарика
14. Ирска
15. Германија
16. Белгија
17. Луксембург
18. САД
19. Обединето Кралство
20. Обединети Арапски Емирати

На самото дно на листата се наоѓаат Јемен, Танзанија, Судан, Централноафриканска република и Бурунди.

И Македонија е рангирана на листата. Се наоѓаме на 89-то место од вкупно 156 земји и сме подобро рангирани од БиХ (93), Бугарија (100), Албанија (112), а полошо од Хрватска (82), Црна Гора (81) и Србија (78).


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!