Научниците предупредуваат – флашираната вода содржи микропластика

- Advertisement -

Во водата од 10 познати компании која се продава во пластични шишиња научниците открија ситни честички пластика, чија штетност за здравјето на луѓето  засега не е позната ни утврдена. Биле тестирани повеќе од 250 шишиња вода од девет земји од светот, меѓу кои се Либан, Индија и САД.

Истражувањето го направи организацијата Orb Media, а го предводеше Шери Мејсон, професорка на државниот универзитет во Фредони, Њујорк. Пластичните наночестички се откриени во 93% од примероците на вода од големите светски брендови: Aqua, Aquafine, Dasani, Evian, Nestle Pure Life, San Pellegrin, Bisleri, Epure, Gerolsteiner, Minalbe и Wahaha.

- Advertisement -

Главно станува збор за полипропилен, најлон и полиетилен терефталат, пренесува N1 info. Просечно се откриени 10 пластични честички на литар вода, од кои секоја е поголема од дебелината на човечкото влакно. „Сметам дека наночестичките се ослободуваат во текот на процесот на полнење на шишињата и дека најголем дел од пластиката доаѓа од самото шише и од капачето. Бројките не се катастрофални, но ме загрижуваат“ објаснува Мејсон.

- Advertisement -

Во претходно истражување спроведено од страна на Orb Mediа се покажа дека честички пластика во многу помали количини се пронајдени во вода од водовод, но беше установено дека и таа вода е многу побезбедна за пиење. Засега не е познато дали и во која количина консумацијата на многу мали парчиња пластика може да наштети затоа што експертите уште го истражуваат проблемот.

Сепак, тие предупредуваат дека претходно е установена врска меѓу изложеноста на организмот на пластични честички и развојот на некои видови карцином, намалената количина сперматозоиди кај мажите, развојот на аутизам и пореметена хиперактивност кај децата и дефицит на внимание. Шефицата на одделот за Северна Америка на организацијата „Oceana”, Жаклин Савич, која се бори против загадувањето на океаните, смета дека резултатите на ова ново истражување се уште една причина за носење закони за укинување на производството на пластични шишиња за вода.

Сподели!
- Advertisement -