Пет технологии кои во иднина ќе го променат начинот на кој штедиме пари

- Advertisement -

Како што се развиваат новите технологии, од криптовалути до дигитални паричници, предностите за бизнисите од нивното искористување се големи. Стартапите кои работат во fintech индустријата, односно со технологии за финансискиот сектор постојано претставуваат иновации кои ќе го променат и олеснат начинот на кој ќе заработуваме во иднина и ќе штедиме пари.

Еве кои технологии ќе придонесат кон вакви промени во следниве пет до десет години според магазинот Inc.

- Advertisement -

1. Блокчеин технологија и криптовалути

Светот на криптовалутите уште се гради. Не постои сомнеж дека криптовалутите донесоа сосема нов начин на заработка пари кој допрва ќе зема замав.

- Advertisement -

Поради фактот дека се децентрализирани, системите на криптовалутите дозволуваат потенцијално создавање на сопствени податоци и ова може да отвори многу можности за многу луѓе.

Бенефитите од криптовалутите постојат за бизнисите, но и за граѓаните, особено во погледот на трансфер на пари од една во друга држава без плаќање на високи провизии за трансакциите. Ова значи не само намалување на трошоците за трансфер на пари, туку и оној до кој ќе ги праќате парите ќе добива поголема сума.

- Advertisement -

2. Гласовни технологии

Според Forester Research за три години отсега 40% од луѓето ќе користат гласовен асистент наместо апликација или веб страница . Тие предвидуваат дека до 2022 година, 50% од американските домаќинства ќе имаат паметен звучник.

Некои банки веќе дозволуваат гласовни инструкции наместо потполнување формулари или посета на физички локации. Преку Amazon Echo или друг паметен звучник за банкарство, ќе можат да се користат гласовните асистенти за да ве предупредат кога ви се намалува сметката или кога ќе направите трансакција со поголема вредност.

3. Мобилно плаќање

Одредени банки веќе воведуваат механизми за мобилно плаќање, а се претпоставува дека наскоро ќе можеме и сметките да ги плаќаме со едноствано поминување на телефонот преку терминал.

Мобилното плаќање може да биде одговорот за многу човечки грешки кои можат да се направат при плаќањето и злоупотребата. Потенцијалот за бизнисите пак, е тоа што ќе се скрати времето поминато во пополнување и плаќање фактури.

Новите технологии пак како препознавање на лице, што веќе се појави кај новиот модел на iPhone може да значи посигурни трансакции. Препознавањето на лице веќе зема замав во Кина каде во многу продавници луѓето можат да ја користат оваа технологија за плаќање, како и за влечење пари од банкомат. Ова значи дека веќе нема да има потреба да носиме картички и да не се грижиме дека нема да можеме да платиме доколку сме ги заборавиле дома.

4. Виртуелен/дигитален паричник

Генерацијата на милениумците многу почесто користи плаќање со картичка или онлајн купување наместо плаќање со банкноти. Веќе се на повидок апликации кои си ги претставуваат самите банки кои делуваат како дигитални паричници.

Ова е во суштина поврзано со мобилното плаќање, па така зборуваме за посигурни трансакции и отсуство на банкноти.

5. Осигурителни технологии

Ова е комбинација на осигурителната и технолошката индустрија, а е многу сличен сегмент со финансиските технологии. Статистиката покажува дека луѓето почесто посегнуваат кон склучување договори за осигурителни полиси, а благодарение на новите технологии кои го олеснуваат оваа, значително се намалуваат и трошоците.

За какви технологии овде станува збор? Новите автомобили доаѓаат со различни сензори кои предупредуваат за несакани сообраќајни ситуации, а осигурителните агенции многу пати ги наградуваат со попусти купувачите на автоосигурување кои немале сообраќајни незгоди.

Во однос пак на осигурување на живот, веќе постојат различни уреди кои постојано можат да го мониторираат нашето здравје кои ни овозможуваат да го регулираме крвниот притисок, да бидеме повеќе физички активни и слично што на крај придонесува кон поздраво живеење.

Сподели!
- Advertisement -