12.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

Еден од основачите на Shazam, Дираж Мухержи, е новиот говорник на Spark.me конференцијата

Cementarnica USJE, mobile 19.11.2021

Организацискиот тим на Spark.mе, една од најголемите конференции за маркетинг во Југоисточна Европа, која се одржува од 26 до 27 мај во Будва, Црна Гора (со серија на специјализирани работилници закажани за 25 мај), го објави името на новиот говорник на Spark.me 2018 конференцијата. Се работи за Дираж Мухержи, еден од основачите на Shazam, апликацијата за препознавање на музика која беше купена од Apple минатата година за 400 милиони долари.

Мухержи во 2000 година го основа Shazam Entertainment, првиот сервис за препознавање на музика преку мобилен телефон. Беше директор на Shazam од 2000 до 2003 година и е заслужен за добивањето на инвестиција од 600.000 фунти во раната фаза, како и повеќе од 10 милиони фунти на ризичен капитал во следните три години на инвестициски рунди. Од 2004 година тој работи како набљудувач во одборот на директори на Shazam и активно придонесува кон креирање на корпоративната стратегија и стратегијата за производот.

Во 2015 година беше избран од Financial Times како еден од топ 50 технолошки претприемачи во Европа. Мухержи претходно има работено како директор на банкарски иновации во Virgin Money, каде што преку најновиот проект бил задолжен со креирање на производ за новата генерција на Virgin Money дигиталната банка, која ќе стои на располагање на 2,2 милиони студенти во Велика Британија.

Меѓу другото, Мухержи работи и како бизнис ангел, ментор на технолошки стартапи и советник во фондови за ризичен капитал. Моментално ги истражува новите технологии како и пружањето поддршка на корпоративните иноватори и социјалните претприемачи.

Претходно организаторите на Spark.me ги објавија имињата на другите главни говорници на конференцијата – Марк Шејфер, кој е еден од водечките светски стратези во областа на маркетинг на социјалните медиуми; Бојд Малтерер, поранешниот главен инженер за Xbox играчката конзола кој ги основаше Xbox Live и XNA сервисите; како и Кери О’Шеј Горгон, која е директорка за стратегии во MarketingProfs – водечки извор на информации за повеќе од 600.000 маркетинг професионалци ширум светот и водителка на Marketing Smarts подкастот. Во наредниот период ќе бидат објавени и имињата на останатите говорници на конференцијата.

Билетите за конференцијата Spark.me 2018 можат да се купат на официјалната веб страница на конференцијата www.spark.me. Целосната цена на билетот е 300 евра, но сите заинтересирани можат да го набават својат билет и по промотивна цена од 150 евра до 18 февруари. Овој билет вклучува пристап до сите предавања на 26 и 27 мај, сите работилници на 25 мај, на стартап натпреварот од 26 до 27 мај, ручек во хотелот Медитеран на база на шведска маса за двата дена на конференцијата, освежување на сите кафе паузи во текот на целата конференција, како и коктел прием на 26 мај. Во цената на билетот не е вклучен превоз и сместување.

Како мотивација за сите млади луѓе желни за знаење, во понудата има и студентски билети наменети за средношколците и редовните студенти, постдипломците и докторантите помлади од 27 години, чија цена изнесува 50 евра. Купените билети можат дополнително да се пренесат и на друг учесник односно да се промени името, но парите не можат да се рефундираат.

Конференцијата Spark.me ќе се одржи по шести пат во хотелот Медитеран во Будва, Црна Гора. Во склад со желбата секоја година дополнително да се збогатува програмата, организацискиот тим на конференцијата за учесниците подготви и серија бесплатни работилници од областа на маркетинг и претприемништво кои ќе се одржат на 25 мај во хотелот Медитеран.

Организатор на Spark.me конференцијата е компанијата doMEn d.o.o, агент за регистрација на црногорскиот национален интернет домен – .ME, која од 2013 година ја организира конференцијата еднаш годишно во Будва. Spark.me им нуди можност на учесниците да научат за актуелните трендови во областа на маркетингот, технологијата и бизнисот од светски познати експерти и да остварат контакт со преку 550 учесници на конференцијата од повеќе од 20 држави во светот меѓу кои ќе се најдат и лидерите од бизнис светот, светот на технологијата и иновациите, маркетери, стартапи и луѓе желни за знаење.

За повеќе информации околу Spark.me, посетете ја официјалната веб страница на конференцијата www.spark.me, Facebook страницата www.facebook.com/sparkdotme , профилот на Twitter twitter.com/sparkdotme, како и профилот на Instagram www.instagram.com/sparkdotme/.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!