Роаминг, дигитални вештини и сајбер безбедност – теми на Дигиталниот саем за Западен Балкан во Скопје

- Advertisement -

На Дигиталниот самит на Западен Балкан кој ќе се одржи следниот месец во Скопје ќе се разговара за драстично намалување на цените на роамингот за земјите од регионот со ЕУ, најави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на меѓународната конференција за ИКТ, иновации, регулатива и инвестиции, што се одржува во Софија.

На самитот што ќе се одржи на 18 и 19 април во Македонија, покрај за намалување на цените на роамингот за земјите од Западен Балкан со ЕУ, ќе се разговара и за взаемно признавање на дигиталните сертификати меѓу земјите од регионот со EУ, за зајакнување на дигиталните вештини, како и за заедничка стратегија за сајбер-безбедност на Западен Балкан со ЕУ.

- Advertisement -

Иновациите и претприемништвото во ИКТ, посочил министерот Манчевски, се признати како основно средство за создавање работни места и економски развој во Македонија, а ова е случај и во останатите земји од Западен Балкан.

„ИКТ е основата на реформите на администрацијата, а  дигитализацијата значително ги намалува можностите за корупција.“, навел меѓу останатото Манчевски, на конференцијата во Софија под покровителство на Владата на Бугарија во рамки не нејзиното претседавање со Европската Унија.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -