ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО доделија осум стипендии за студентите на ФЕИТ

- Advertisement -

Нови осум најдобри студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии, од денеска, се стипендисти на енергетските компании АД Електрани на Македонија, АД МЕПСО и ЕВН Македонија. На овој начин продолжува традицијата на стипендирање на најдобрите студенти на ФЕИТ со месечна стипендија од 6.000 денари, кои ќе ја добиваат доколку задржат минимална оценка од 8.0.

Како Факултет сме благодарни што со доделувањето стипендии и соработката со компаниите, директно, ги утврдуваме потребите на стопанството и суштински ги прилагодуваме нашите образовни програми за нивните потреби. Наскоро ќе распишеме нов повик за конкурсот за стипендирање од енергетските компании, на кој ќе може да учествуваат актуелните студенти од прва година со просек над 8 и со завршени обрски во рок. Дека Факултетот добива значајни партнери од стопанството потврдува и најновиот Центар за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ. Токму ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН се дел од компаниите кои станаа наши партнери во заедничкото вложување во делот на иновации и трансфер на технологии. Некои од овие студенти, кои се денешни добитници на стипендии, заедно со енергетските компании, ќе работат во овој Центар“, вели професор д-р Димитар Ташковски, декан на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

- Advertisement -

На свеченото доделување на стипендии присуствуваа и д-р Драган Миновски, претседател на Управен одбор и генерален директор на ЕЛЕМ, Сашо Василевски, претседател на Управен одбор и генерален директор на МЕПСО и дипл.инж. Штефан Петер, МБА, претседател на Управен одбор на ЕВН Македонија.

Според директорот Миновски, АД Електрани на Македонија, како општествено одговорна компанија, сака да вложува во младите луѓе, сака да помогне во продуцирањето кадар, особено од областа на електротехниката и информациските технологии, како и од други области кои се барани во стопанството и на кои, во иднина, уште повеќе ќе почива индустријата и целата економија.

- Advertisement -

„АД ЕЛЕМ се залага за тоа да им се даде до знаење на младите луѓе дека има иднина за нив во Р.Македонија и дека институциите знаат да препознаат и да поддржат амбициозни и подготвени студенти, кои за себе имаат визија да дадат свој придонес во професијата и да го дадат најдоброто од себе кога ќе се вклучат во работниот процес, без оглед во која област или фирма ќе се вработат, бидејќи развојот на економијата е наш заеднички успех кој ќе донесе бенефит за сите“, вели Драган Миновски, генерален директор на АД Електрани на Македонија.

Компанијата МЕПСО го цени трудот на студентите и затоа, ги поддржува во постигнувањето солидни резултати, потврдува директорот Василевски.

- Advertisement -

Горди сме што во континуитет можеме да ги подржуваме студентите кои имаат солидни резултати.  Со тоа преку позитивната практика се мотивираат идни студенти дека со труд и работа можат стигнат до стипендија. Нашата порака до стипендистите е дека го цениме нивниот труд  и ја следиме нивната работа. Во иднина сигурно ќе  продолжиме со стипендирање, а ќе ги разгледаме и опциите за вработување на нашите стипендисти“, истакна Сашо Василевски, генерален директор на МЕПСО.

ЕВН Македонија како компанија, според Штефан Петер, има обврска да ги селектира најдобрите и да им овозможи развој на кариерата.

Професорите ја имаат обврската да ги образуваат и создаваат квалитетните кадри, а ние да ги селектираме најдобрите и да им овозможиме развој на кариерата. ЕВН досега селектираше околу 30 студенти, од кои половина станаа наши колеги откако ја минаа селекцијата, работат, напредуваат, се развиваат во правец кој заеднички го градиме за нашата компанија. Некои од нив веќе работат и на позиции каде што имаат можност да одлучуваат за многу процеси во компанијата. Вратата на ЕВН е секогаш отворена за млади, стручни, иновативни кадри кои треба да придонесат за развој и на компанијата и на енергетиката во земјата“, вели Петер.

 

Сподели!
- Advertisement -