Како подобро да менаџирате со вашите пари?

- Advertisement -

Живееме во свет во кој постојано сме изложени на искушенија да трошиме пари и да набавуваме различни производи, а се случува воопшто да не помислуваме на штедење сѐ додека не дојде пензија. Но бидејќи времињата се исполнети со стресови и неочекувани ситуации, никогаш не знаете кога ќе ви притребаат повеќе пари.

За да стекнете навика постојано да тргате по некоја пара на страна, мора да почнете со ефикасно менаџирање на парите. За да го направите тоа, најдобро е да тестирате менаџирање и штедење во рок од една година за да видите дали ќе успеете. Почнете со овие неколку чекори.

- Advertisement -

1. Направете буџет

Без буџет, не можете да воспоставите контрола на тоа колку пари трошете. Најдете ги сметките кои сте ги плаќале последниве неколку месеци и трошоците кои сте ги имале, па пресметајте колку пари месечно ви се потребни за оваа намена. Обидете се да пресметате и колку пари трошете месечно за намирници и храна. Направете неколку категории со што ќе добиете детален преглед за тоа колку пари треба да издвојувате месечно.

- Advertisement -

2. Отворете си „црн фонд“ за итен случај

За почеток, обидете се да имате на страна пари кои би ви се нашле за период од три месеци. Ќе видите колку овој чекор е возможен со приходите и расходите кои ги имате месечно, па дури и да не се најдете во итен случај да ви требаат пари, добро е да ја имате сигурноста.

- Advertisement -

3. Плаќање со траен налог

Плаќањето за кредитни картички, плаќањето на сметките и трансферите кон вашата сметка за штедење треба да ги направите автоматски да ви се одземаат од сметката во банка, односно да направите договор со банката за плаќања со траен налог. На овој начин нема да дојдете во ситуација да прескокнете месец да не ставите пари на сметката за штедење или да заостанете со плаќање на сметките.

4. Планирајте за пензија

Почнете да размислувате за основен план за штедење за пензија. Дури и кога ќе дојде ред да се пензионирате и ќе ве следува пензија од државата, не знаете во каква ситуација ќе се наоѓа пензинскиот фонд до тогаш и како ќе се движат пензиите. Добро е уште сега да почнете да мислите на ова, па кога ќе влезете во пензија да имате и план Б на кој ќе можете да се наслоните.

5. Преиспитајте си ја кариерата

Споредете ја вашата плата со платите на останатите луѓе кои ја имаат истата професија или работат во истата област како вас. Поставете си некои прашања сами на себе како на пример, дали сте среќни со работата, дали работите да остварите некоја специфична цел и дали постои можност за напредување? Поставете си цели за една, пет и десет години од сега и ориентирајте се во иднина според овие цели.

6. Најдете барем уште еден извор на екстра приход

Постојат безброј дополнителни ангажмани кои можат да ви помогнат да заработите пара повеќе, со што ќе ги зголемите заштедите, ќе стекнете нови вештини, а можеби и ќе размислете за промена на кариерата. Дури и ако се работи за ангажман на кој ќе посветувате неколку часа месечно, секој дополнителен приход може да има големо влијание во животот.

7. Почастете се

Поставете си мини-цели во неколку области (штедење, кариерен раст, личен развој) и почастете се самите себе кога ќе си остварете. Без разлика дали ќе си уплатите масажа, ќе си нарачате коктел, ќе отидете на одмор или ќе јадете во убав ресторан, најдете си време за грижа за себе со што ќе се мотивирате да вложувате во развој многу повеќе и при тоа ќе уживате во тоа.

Сподели!
- Advertisement -