Yirego ја дизајнираше машината за перење да биде навистина еколошка и по речиси 10.000 часови развој, Drumi може да се произведува. Од компанијата велат дека ќе ја лансираат ова лето. Како што поминуваа последните фази од развојот на машината, компанијата направи некои клучни измени за да го подобри производот. Една клучна промена е рачката за носење. Корисниците можат да ја транспортираат со една рака, а претходниот модел мораше да се држи со двете раце. Исто така, таа рачка служи и како брава и го држи капакот затворен додека вртите на педалата.

Потоа, моделот кој ќе се произведува е понизок од претходниот модел. Yirego го помести центарот на гравитација за поголема стабилност и истрајност. Исто така, поради коментарите на луѓето дека една валкана машина може да предизвика кожни заболувања, сега корисниците можат да го извадат барабанот на новата Drumi и лесно да го исчистат.

- Advertisement -

Машината е наменета за луѓе кои немаат струја, за мали урбани станови или за мобилни домови. Може да испере помали количини алишта. Потребни се вкупно 5 минути за да се исперат алиштата: 2 минути перење со детергент, 2 минути плакнење и 30 секунди вртење за цедење. Машината може да се нарача во претпродажба на страницата на Yirego.