Европската комисија претстави нов фонд за ризичен капитал за инвестиции во стартапи

- Advertisement -

Европската комисија во вторникот го претстави т.н. „фонд на фондовите“ за ризичен капитал кој треба двојно да ги зголеми инвестииите во иновативни европски стартапи

Како што пренесува Reuters, Брисел избрал шест инвестициски фондови чија задача е да вложат преку 2 милијарда евра во помалите фондови за ризичен капитал.

Од комисијата процениле дека оваа постапка би требало да резултира со вкупно 6,5 милијарда евра годишни инвестиции во стартапи преку привлекување на приватни и јавни инвестиции.

- Advertisement -

На овој начин, значително би се зголемила финансиската моќ на европските фондови за ризичен капитал која во просек изнесува 56 милиони евра – една третина од просечната вредност на својот американски пандан.

Во 2016 година, инвестициите на европските фондови за ризичен капитал изнесувале само 6,5 милијарда евра, а американските 40 милијарди.

Сподели!
- Advertisement -