-8.2 C
Skopje
четврток, јануари 20, 2022

Охридска банка ја најави втората летна школа „Биди банкар“

Kabtel desktop

Втора година по ред, Охридска банка Сосиете Женерал, организира интензивна летна школа за сите заинтересирани студенти кои се во завршна година на додипломски студии или постдипломски студии, која ќе се одржи во Охрид, од 1 до 27 јули 2018 година.

„Биди Банкар“ е првата и единствена летна школа од овој вид, чиј концепт е интерактивен со практични и тематски предавања кои ќе им помогнат на младите кадри да се стекнат со професионално искуство во различни области и кариерен развој.

Програмата на школата вклучува различен тип на активности, како практична работа во Дирекцијата и експозитурите на Банката во Охрид, тематски предавања од областа на банкарството и финансиите, обуки за меки вештини, предавачи од реномирани компании, како и многу забава, дружење и едукација.

Школата има за цел да ги воведе младите кадри во банкарското работење преку практична работа, да го прошири знаењето на учесниците во повеќе области, да ги подготви младите за пазарот на трудот, како и да овозможи едномесечно дружење, забава, учење и многу интересни содржини кои ќе помогнат во понатамошниот кариерен развој на учесниците.

Сите заинтересирани студенти кои се во завршна година на додипломски студии или постдипломски студии, можат своите Апликации да ги достават на e-mail: kariera@ob.com.mk со назнака „Апликација за летна школа“, најдоцна до 27 мај 2018 година.

Трошоците за храна и сместување во текот на времетраењето на школата, ќе бидат покриени од страна на Охридска банка Сосиете Женерал.

Повеќе информации можете да најдете на веб страницата банката на следниов линк.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!