8.8 C
Skopje
сабота, декември 3, 2022

Шкотска воведе минимална цена на алкохолот за да го намали бројот на смртни случаи

Kabtel desktop

Шкотска стана прва земја во светот која воведе минимална цена на алкохолот, што значи дека трговците сега ќе мора да обезбедат една единица алкохол да нема цена под 50 пени. Ваквата владина мерка треба да обезбеди намалување на бројот на смртни случаи на годишно ниво кои се поврзани со алкохолот.

Ова е историски момент и одлука за сменување на односот на народот во Шкотска кон алкохолот. Со оглед на очигледната врска меѓу консумацијата на алкохол и нанесувањето штета, минималната цена е најефективен и најефикасен начин да се спречи употребата на евтиниот алкохол кој нанесува огромна штета на многу семејства. Злоупотребата на алкохолот ја чини Шкотска неверојатни 3,6 милијарди фунти или просечно 900 фунти по човек и е најчеста појава кај најсиромашните слоеви. Секоја недела во Шкотска животот го губат 22 лица поради болести поврзани со алкохолот.

Како што се наведува, шише вино од 750 милилитри, кое содржи 13% алкохол, нема да може да се продава за помалку од 4,88 фунти, шише виски од 700 милилитри и со 40% алкохол нема да биде поевтино од 14 фунти, а две литри пијалак, кој содржи 5% алкохол за пет фунти. Шкотската влада ги предупреди трговците дека нема да има период на прилагодување, а дозволите за продажба ќе се одземаат доколку се прекрши законот.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!