19 C
Skopje
петок, мај 7, 2021

Дубровник доби нова атракција – Музеј на љубовни приказни

Kabtel desktop

Културно-уметничката понуда на најпознатата хрватска туристичка дестинација сега е збогатена со нов, единствен забавно-изложбен простор кој ја вдоми првата глобална колекција на собрани и донирани љубовни приказни и премдети со голема сентиментална вредност, пишува Poslovni Puls.

Посетителите на Музејот на љубовни приказни (Love Stories Museum) во пригоден амбиент можат да ги искусат емотивните цртани од животот на вистински љубовни парови кои некои од своите најинтимни моменти во животот ги споделија со јавноста во Дубовник и со посетителите. Меѓу бројните изложени експонати се најде и сувенир чаша од Шведска, која неочекувано зближила една разведена Американка и Французин, приказна за некој млад човек кој својата идна сопруга ја запознал на некој погреб, како и емотивна приказна за пар пред развод кој одлучил на својот брак да му ја даде последната шанса.

На многубројните посетители и туристи сигурно ќе им бидат интересни изложените автентични историски приказни, легенди и романтични обичаи од околината на Дубровник, а тука е и ѓошето за љубителите на популарните филмови и ТВ програми кои се снимале во Дубовник, меѓу кои се мегапопуларните „Игри на престолот“, „Војни на ѕвездите“ и „Робин Худ“.

И обожавателите на музиката ќе можат да уживаат и можеби по прв пат да се запознаат со досега малку познати детали од личниот живот на легендарните светски музичари, а ќе бидат откриени и музите кои го инспирирале создавањето на најпознатите љубовни поп и рок песни на сите времиња.

Најмладите посетители на музејот имаат своја детска собра, додека сите возрасни посетители и парови можат да се потпишат на „Ѕидот на љубовта“ и да остават своја заедничка фотографија или селфи и така да помогнат за креирање на единствена посвета за сите заљубени кои некогаш го посетиле Дубровник. Паровите кои сметаат дека токму нивната лична љубовна приказна е доволно интересна и посебна за вклучување во колекцијата можат слободно да се јават во Музејот на љубовни приказни.

Новоотворениот музеј може да се посети почнувајќи од 10 мај во непосредна близина на центарот на Дубровник.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •