Студенти од Машински факултет дизајнираа прототип-печки за пелети кои ќе се произведуваат во Раде Кончар ТЕП

- Advertisement -

Денес на Машинскиот факултет во Скопје се одржа завршниот настан на натпреварот за студенти-инженери Team2Win. Натпреварот беше организиран од Машинскиот факултет во Скопје и Раде Кончар ТЕП, со поддршка од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. Во текот на април, 19 студенти од Машинскиот факултети, поделени во 5 тимови, се натпреваруваа во дизајнирање на прототип печка на пелети за нова производствена линија на Раде Кончар ТЕП.

- Advertisement -

На завршниот настан студентите ги презентираа нивните дизајн решенија пред комисија од професори од факултетот и инженери од Раде Кончар ТЕП, кои потоа ги избраа најдобрите три. Првото место му припадна на тимот Урбан Дизајн, составен од Александар Атанасов, Марко Станкоски, Филип Панов и Михаел Берберу. Победничкиот тимот ќе добие награда од 1.000 евра и ќе продолжи да работи со ТЕП на развој на прототип според нивното дизајн решение, додека тимовите кои ги освоија второто и третото место ќе бидат наградени со 600 и 400 евра.

„Иновативноста во овој натпревар е поголема од самиот производ. За УСАИД, ова е одличен пример за како универзитетите и приватниот сектор треба да соработуваат во развојот на работната сила. Иако сите натпревари имаат победници, верувам дека од овој натпревар нема губитници.“ изјави Едвард Гонзалез, директорот на канцеларијата за развој на УСАИД Македонија.

- Advertisement -

Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем коинвестира со приватниот сектор во активности кои ја развиваат работната сила, создаваат работни места и ја зголемуваат продуктивноста на македонските компании. Поддржувајќи натпревари од овој тип, Проектот има за цел да им овозможи на компаниите полесен пристап до квалитетен кадар, додека истовремено придонесува за намалување на младинска невработеност и одливот на стручниот кадар во странство.

Сподели!
- Advertisement -