12.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

Кинеските компании ги следат емоциите на своите вработени со помош на вештачка интелигенција

Kabtel desktop

Компании во Кина користат сензори за мозочна активност за да ги следат емоциите на своите работници. Некои градежни, производни и транспортни компании во Кина од работниците бараат додека се на работа да носат шлемови кои се опремени со сензори кои со помош на вештачка интелигенција ги следат нивните чувства, пренесува Interesting Ingeneering.

Поддржувачите на оваа пракса целат дека ваквиот систем им штеди пари така што им помага на работниците и ги обучува многу полесно, но критичарите се загрижени поради преголемата контрола којашто ја имаат компаниите врз вработените. Уредите кои се ставаат во шлемовите ја мерат нивната мозочна активност, а тие бранови потоа се анализираат за да се дознае какви промени во чувствата се случуваат.

Доколку има преголеми скокови кај мозочните бранови, тоа значи дека има огромни промени во емоциите како паника, замор или тага. Уредите главно се користат кај работници кои работат многу стресна работа како што се возачите на ултрабрзи возови или електричарите кои работат во главни електрани.

Сензорите можат и да проценат кога некој работник е премногу уморен што ќе заспие и активираат аларм за да ги освестат. Одговорниот за програмата за „надзор над емоциите“ во компанијата State Grid Zhejiang Electric Power, тие се најбитна алатка за водење ефикасен бизнис.

Според некои информации, профитот на таа компанија пораснал за 315 милиони долари откако компанијата почнала да ги користи ваквите уреди во 2014 година. Според весникот South China Morning Post, во Кина има десетина компании кои ја користат оваа технологија која е развиена во рамките на проектот Neuro Cap, финансиран од владата на Кина, кој се спроведе на Универзитетот Нингбо.

„На почеток луѓето мислеа дека можеме да им ги читаме мислите и не сакаа да ги носат шлемовите. По некое време се навикнаа на нив и сека ги носат по цел ден додека се на работа“ велат од Универзитетот Нингбо.

Додека безбедноста на вработените е одговорност на компанијата, мониторингот на емоциите исто така може да ги идентификува работниците кои се премногу под стрес и не можат убаво да работат. Во случај урдите да детектираат такви работници, тие може или да бидат испратени на неплатен одмор, да бидат отпуштени од работа или да бидат испратени на помалку платено место.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!