Регионален форум за забрзување на растот на информатичките компании на 7 и 8 јуни во Скопје

- Advertisement -

На 7 и 8 јуни во Скопје ќе се одржи дводневна конференција во организација на Enterprise Europe Network во Македонија која има за цел да го забрза вмрежувањето на малите и средни претпријатија од секторот на информатички технологии, но и да понуди можности за финасирање на иновативни технолошки проекти и решенија.

Повеќе од 100 компании од Македонија и регионот на југоисточна Европа ќе имаат можност во рамки на дводневната конференција да ги премостат бариерите и да се обидат да склучат соработка со цел ширење на своите активности и полесно пристапување на странски пазари. Вмрежувањето ќе се реализира преку закажување и остварување на Б2Б средби на 8ми јуни во просториите на Стопанската Комора на Македонија во Скопје.

- Advertisement -

Најиновативните компании и тимови ќе имаат можност на вториот конференциски ден да ги презентираат своите идејни решенија пред панел од потенцијални инвеститори со претставници од Фондот за иновации и технолошки развој, South Central Ventures, Кримсон Капитал и CEED Македонија. Учесниците ќе можат и да се информираат за инструментите за финансирање кои се отворени од страна на Фондот за иновации и технолошки развој, но исто така и да научат како да пристапат и да ги искористат алтернативните извори на финансирање кои се нудат од страна на акцелератор фондовите во регионот.

Учеството на конференцијата е бесплатно. Сите заинтересирани компании можат да се регистрираат најдоцна до 27 мај на веб страната на конференцијата http://balkan-tech-match.talkb2b.net/.

Сподели!
- Advertisement -