1.6 C
Skopje
понеделник, јануари 20, 2020

Почнува примената на новата регулатива на ЕУ за безбедност на личните податоци на Интернет

Kabtel desktop

Иако за General Data Protection Regulation (GDPR) се зборува веќе долго време, се чини сека за новата регулатива на ЕУ не се подготвени ни малите ни големите компании, но и голем број обични корисници не се свесни што таа ќе донесе. Општата уредба за заштита на приватноста на податоците во прв план ги става корисниците со чии податоци големите компании сега ќе мора да постапуваат повнимателно  зашто во противно им следува казна, а некои од најголемите компании чии услуги секојдневно ги користиме како што се Facebook, Instagram, WhatsApp, Google веќе направија соодветни промени, пишува Zimo.

На Интернет можеме да прочитаме и некои критики за уредбата дека е уште една бироктратска измислица која ја направиле бирократи кои не работат во големи компании и не се од прва рака запознаени со сите проблеми околу собирањето и управувањето со податоците, но она што ќе го промени GDPR најдобро можеме да го видиме од неодамнешниот скандал со Cambridge Analyticа и Facebook.

За да ја усогласат својата работа со GDPR, Цукерберг и компанијата најавија дека на корисниците во Европската унија ќе им понудат избор дали сакаат нивните податоци да ги делат со огласувачите и дали и понатаму сакаат да ги споделуваат своите политички и религиозни ставови, како и статусот на љубовниот живот. Тие кои нема да сакаат да ги делат своите податоци со огласувачите и понатаму ќе гледаат огласи, но нема да бидат таргетирани врз основа на нивните интереси. Исто така, поради GDPR, Facebook конечно воведе низа опции врзани за приватноста и безбедноста кои сега на мобилните уреди се наоѓаат на едно место и се прегледни, па може да се користат без пребарување по апликацијата.

Корисниците сега имаат поголема контрола над личните податоци, содржините кои ги објавуваат и кој може да ги види тие содржини, информациите кои се користат за огласување, поставките за препознавање лице, дневникот на активности, можноста а пристап до сите информации за корисникот на Facebook, а може да се избрише и профилот.

Новитетит поради GDPR воведе и Instagram – корисниците сега можат да ги преземат речиси сите податоци кои ги објавиле на оваа мрежа: од фотографии и видеа, приказни, поставки, информации за профилот, коментари до лајкови и други активности на Instagram.

За да работат во согласност со GDPR од WhatsApp најавија дела овој сервис за комуникација веќе нема да можат да го користат помлади од 16 години. Претходно таа граница беше 13 години, но оваа промена на 16 години важи само на територијата на Европската унија. Имено, GDPR содржи и посебни правила за заштита на приватноста на податоците на малолетници помали од 16 години, па од WhatsApp сакаа да избегнат проблеми со подигнување на границата.

Што се однесува на Twitter, оваа компанија најави промени во правилата на приватноста со кои ќе се овозможи полесно управување со личните податоци и на корисниците им овозможија едноставен преглед на податоците кои ги имаат за нив, како и можност да одлучат дали сакаат и понатаму да ги делат податоците со Тwitter.

Google не мораше да воведе некои промени како Facebook. Од компанијата истакнаа дека сампо ги ажурирале правилата за приватност со кои на корисниците им го олесниле разменувањето на информациите кои ги собираат и објасниле зошто ги собираат. Напоменуваат и дека поставките и начинот на обработка на податоците нема да се промени после 25 мај, туку го пофобриле начинот на опишување на постапките и објаснувањето на опциите за ажурирање, бришење на податоци и управување со нив.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •