8.8 C
Skopje
сабота, декември 3, 2022

Во Шкотска отворен центар за рехабилитација на зависници од криптовалути

Kabtel desktop

Во Шкотска се отвори центар за рехабилитација на зависници од биткоин со цел да се излечат сите луѓе кои се опседнати со виртуелните пари. Центарот Castle Craig Hospital во Пеблшир ќе ги прими сите зависници од криптовалути, алкохоличари, корисници на дрога и луѓе кои се борат со други сериозни зависности, пишува DailyMail

Според експерите, зависниците од тргување со криптовалути покажуваат исто однесување како и зависниците од онлајн коцкање. Од Castle Craig велат дека немаат статистички податоци за бројот на луѓе зависни од криптовалути, но дека во светот има околу 13 милиони луѓе кои тргуваат во системот. 

Биткоин е најпознатата криптовалута која постои од 2010 година. Кога беше прв пат лансирана вредеше околу 0,39 долари, а врвот на вредноста го достигна минатата година – околу 18.000 долари.

Крис Берн е еден од терапевтите во Castle Craig Hospital. Тој вели дека флуктуацијата на цената и на пазарот за криптовалути е многу привлечна за коцкарите.

Им нуди возбуда како еден вид бегство од реалноста. Биткоин, на пример, многу се тргува и имаше огромни загуби. Ова е класична ситуација со надуен балон“ вели Крис. 


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!