2 C
Skopje
сабота, јануари 23, 2021

Американскиот малопродажен синџир Walmart нуди нарачки преку порака

Kabtel desktop

Американскиот синџир Walmart се обидува да внесе промени во начинот на купување, вклучувајќи и достава до дома на поголема оддалеченост и повеќе места за подигнување на онлајн нарачките. Сега овој трговски гигант ja претстави својата нова услуга која произлегува од нивниот инкубатор Store No. 8 со која купувачите можат да нарачаат производи со порака.

Новата платформа се вика Jetblack и моментално е во бета верзија. Се тестира во Њујорк, а наскоро ќе се прошири на други пазари во САД. Услугата чини 50 долари месечно со што добивате пристап до лични асистенти за шопинг. Купувачите од асистентите бараат препораки, избираат производи од фотографии, даваат нарачки и сето тоа преку пораки. Вклучена е и достава, виткање подароци и враќање на погрешни производи.

Услугата нема да важи само за производи на Walmart или Jet.com, туку купувачите ќе може да нарачуваат и производи од Saks, Pottery Barn и други трговци. Иако оваа услуга веројатно нема да им одговара на сите, Walmart експериментира со цел да ги привлече корисниците на ривалот Аmazon, пишува Engadget.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •