-4 C
Skopje
недела, февруари 23, 2020

#СкопјеГурман по четврти пат – најочекуваната гурманска кампања во градот

Kabtel desktop

Повторно започнува гурманската еуфорија во градот! Водечкиот сајт за групни попусти – Grouper.mk по четврти пат ја реализира најочекуваната кампања  во годината „Недела на храна” #СкопјеГурман која започнува на 4ти јуни, а ќе трае цел месец.

„Kампањата Недела на храна #СкопјеГурманчетврти пат по ред ќе го претвори Скопје во најгурманско место досега преку понудата на над 100 зделки по непобедливи промотивни цени од преку 70 локални ресторани. Годинава кампањата е поддржана од Mastercard и збогатена со специјална акција со омиленото пиво Скопско – 1+1 гратис, каде што со секој купен купон за пиво, се добива едно гратис. Во секоја кампања имаме екстра активности посветени на корисниците, па така и овој пат за сите гурмани и дегустатори на највкусните зделки припремивме подароци и други изненадувања.  Неколку пати во годината организираме тематски кампањи кои целат да промовираат одредена категорија и да понудат дополнителна вредност за граѓаните и вклучените компании”, велат од Grouper.mk.

Во изминатите три години, кампањата #СкопјеГурман предизвика забележителнa возбудa не само кај најдобрите угостителски објекти во градот, туку и кај наjголемите гурмани. Минатата година кампањата ја следеа преку 300.000 корисници и беа продадени над 17.000 купони. Оваа година од Grouper велат дека ќе „врне“ храна и попуст, а за најава на најгурманската кампања креираа интересно и креативно видео.

Овој јуни, груперската гурманска мапа вклучува угостителски објекти од сите делови на градот, a на менито можат да се најдат италијански специјалитети (Kaj Џино, Венето, Senigallia, Форца), сочни бургери (Центар Бар, Bistro Skopje), специјалитети од азиска и ориентална кујна (Star Ocean, Наргиле), за љубителите на здрава храна – смутиња, салати, протеински сендвичи (Soho House, Markt); слатки задоволства и десерти (Радост, Кремисимо, Chocolat Bistro) и уште многу други специјалитети и деликатесни места кои ќе ги отворат вратите за сите Grouper гурмани.

Овогодинешната кампања има и хуманитарен карактер, па така со секое купување на зделка од #СкопјеГурман со Mastercard картичка, Grouper  донира процент од сумата за оние кои им е најпотребно.

На крајот на вкусната кампања, и оваа година Grouper заедницата ќе ги одбере најдобрите ресторани во повеќе категории, а овој пат Grouper ќе ги избере и 10те најгурмани со најмногу купени купони за кои следуваат вредни подароци.

Повеќе информации за кампањата може да најдете на блогот на следниов линк.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •