Intel идната година ќе почне да продава 5G компјутери

- Advertisement -

Во текот на 2019 година се очекува дека еден од главните трендови ќе бидат уреди со 5G конектираност. На тоа најдобро упатува конференцијата на Intel, Computex 2018. На овој саем беше објавено дека најголемиот производител на процесори се здружува со американскиот телеоператер Sprint за во 2019 година во своите продавници да почне да продава 5G компјутери, пишува Vidi.hr.

Intel моментално соработува со Acer, Asus, Microsoft, Dell, HP и Lenovo за на пазарот да доведат лаптопи со новиот безжичен стандард. Благодарение на големите брзини и малата латентност во однос на 4G, може да се оствари сонот на Intel за секогаш поврзани (always connected) персонални компјутери, уреди со ниска потрошувачка на енергија кои во себе имаат интегриран мобилен сервис. Од Intel засега се уште не откриваат чии 5G уреди први ќе се појават на пазарот.

Сподели!
- Advertisement -