4 C
Skopje
сабота, април 10, 2021

Токио ќе постави соларни патишта за Олимписките игри во 2020 година

Kabtel desktop

Соларни панели ќе бидат инсталирани под површината на голем дел од патиштата во Токио. Властите на оваа метропола ги најавија своите планови за соларните патишта како дел од кампањата која има за цел да го претвори Токио во поеколошки град. Оваа промена делумно е мотивирана од фактот дека градот ќе биде домаќин на Олимписките и Параолимписките игри во 2020 година, пишува GreenMatters.

Некои соларни панели веќе се поставени за тестирање во продавница на Seven-Eleven. Технологијата за прв пат беше претставена во мај, но според властите, веќе почнува да се исплатува. Како што велат, соларниот систем може да генерира 16,145 киловат-часови годишно, што e еднакво на 9% од вкупната енергија што ја троши продавницата.

Битно е патиштата да почнат да генерираат повеќе енергија што побрзо затоа што се многу скапи за инсталирање. И Франција и Холандија експериментираат со соларни патишта, а во Франција 1 километар соларен пат чини околу 5 милиони евра. Инсталацијата на соларите патишта во Токио треба да започне во 2019 година, а процесот е интензивен.

Патиштата се направени од соларни панели кои се инсталирани во земја, а потоа се покриени со посебен слој кој ги прави отпорни на тежината на возилата. Доколку оваа технологија се користи помасовно, ќе се намали цената за инсталирање и сите компоненти ќе можат масовно да се произведуваат по пониски цени.

Соларните патишта се само дел од планот за Токио. Властите сакаат да постават и подови кои генерираат енергија, кои ќе бидат направени од посебна керамика која реагира на притисок и чекорите ги претвори во електрична енергија.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •