14.5 C
Skopje
недела, октомври 25, 2020

Шампон во сапун – иновација која може да замени 522 милиони пластични шишиња за шампон

Kabtel desktop

Годишно се фрлаат по околу 522 милиони пластични шишиња од шампон, што е огромна бројка. Компанијата Lush, позната по производство на миризливи сапуни, купки и други средства за хигиена, направи она што го нарекуваат „шампон во сапун“.

Едно парче таков сапун заменува три шишиња шампон со средна големина од околу 200 милилитри и може да се искористи за дури 80 миења на косата.  На овој начин целосно се елиминира потребата за пластични шишиња. Едно парче „шампон во сапун“ може да ви трае додека го пропатувате целиот свет, а корисни се и за секојдневна употреба затоа што не само што се направени од природни состојки кои се добри за косата, туку се добри и за планетата Земја.

Пластичната амбалажа изнесува дури 80% од сиот пластичен отпад кој се наоѓа по плажите, а 300.000 тони пловат по површината на океаните.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •