6.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

Емили Јовановиќ – Локвенец:  „Неодата“ создава софтвер за компании што ги вреднуваат своите вработени

Cementarnica USJE, mobile 19.11.2021

Вработениот е најголемото богатство на една компанија. Вака Емили Јовановиќ – Локвенец, генерален менаџер на компанијата „Неодата“, го започна разговорот со „Иновативност“. Децениското искуство на компанијата која развива деловен софтвер, но и трендовите од странските земји, докажува дека најголемиот капитал на секоја компанија, во било кој бизнис, се лојалните работници. Тргнувајќи од таа логика „Неодата“ во последните две години интензивно стави акцент на развој сопствени софтвери за управување со човечки ресурси, за безбедност и здравје при работа и софтвер за пресметка на плати. Ова се областите во кои вработените се во фокусот, а секој менаџер, кој сака да биде успешен, е свесен дека ако нема добро обучени и лојални вработени, ќе се соочи со големи проблеми во бизнисот.

 (Разговараше- Сања Наумовска)

Компаниите кои ја користат „Арахна“ се оние кои ги вреднуваат своите вработени

Секој вработен сака да се чувствува прифатен, ценет и интегриран, како и дека е важна и значајна алка во системот. Тоа е и целта на „Арахна“ софтверот за управување со човечки ресурси, што „Неодата“ го промовираше минатата година. Според статистиките, 31 процент од нововработените си заминуваат во првите 6 месеци, од кои половината во првите 2 месеци. Ресурсите што ги троши една компанија, за да регрутира работници, како времето потребно да се направат сите интервјуа, енергијата да се обучат новите вработени, па дури и хартијата и другиот потрошен материјал, се залудни, ако работникот си замине после 6 месеци. Целта на „Арахна“ е инклузија и задржување на вработените, и е одлично решение за компаниите кои ги вреднуваат своите вработени.

Моja лична проценка е дека во Македонија во следните 5 години ќе имаме значаен дефицит на кадар. И тоа не само високообразовани луѓе, туку дефицит на вработени од сите сектори, па дури и од ниско квалификувани кадри. Тоа значи дека менаџерите ќе треба да се борат за квалитетните луѓе и да се трудат да ги задржат во своите компании. Софтверот „Арахна“ се состои од два модула, првиот е HR Portal, кој е достапен за вработените, а вториот е HR Back Office, за службата за човечки ресурси. Преку HR Portal  секој вработен може да си го види своето досие, да има пристап до информации, на пример кој е статутот на компанијата, кога ќе се слави некоја важен датум за компанијата, какви планови има компанијата за одбележување на празниците, ќе подели ли пакетчиња за Нова Година итн. Освен тоа вработениот преку софтверот ќе може да има увид и во своето досие, да види како бил оценет од менаџерот, да ги види предложените награди или казни и да аплицира за отсуство. Софтверот претставува ефикасен и брз модел на комуникација со ХР службата, на пример, во периоди на годишни одмори, но и корисна алатка за менаџерот која му заштедува време и пари кога треба да донесе важна одлука“, објаснува Јовановиќ-Локвенец.

Софтверот, кој е наменет за компании со повеќе од 50 вработени, нуди големи бенефити и за ХР менаџерите. Тие, иако се високо во хиерархијата на команијата, ретко влегуваат во топ менаџментот што учествува во донесувањето на стратешките одлуки. На овој начин тие добиваат аналитички податоци и параметри со кои ќе можат да планираат и предлагаат важни стратешки интервенции во бизнисот и на тој начин да си изборат место на врвот во компанијата.

„’Неодата’ секогаш ги следела трендовите во деловниот софтвер и безрезервно сме се труделе истите да ги понудиме на нашите клиенти. Од овие причини „Арахна“ ја нудиме и како сервис, односно како услуга за која се плаќа месечна претплата зависно од бројот на вработените во компанијата. На истиот начин го нудиме и користењето на нашето софтверско решение за безбедност и здравје при работа. Податоците ги поставуваме во облак и пристапот до нив е овозможен од секој уред каде има интернет“, вели Јовановиќ-Локвенец.

Податоците се безбедни во клауд решенијата

Најбарани софтвери меѓу компаниите во Македонија се оние за финансово-материјално работење, посочува Јовановиќ-Локвенец. Таа нагласува дека во Македонија владее специфичната клима во која компаниите се` уште преферираат да набават софтвер кој ќе биде инсталиран на сервери во нивните канцеларии, заради недовербата на нашите менаџери кон софтверите во облак (cloud).

„Иако речиси секој човек користи кредитни картички и електронско банкарство, преку кои станува прилично изложен кога се во прашање личните финансии, сепак, од друга страна нема доверба во клауд решенија наменети за бизнисите. Ние секогаш се трудиме да бидеме пионери и во последните години посветуваме напор да ги увериме носителите на одлуки во компаниите дека клаудот е решение на иднината и дека таму нашите податоци се безбедни“, посочува Јовановиќ-Локвенец.

Во последните 4 години „Неодата“ е партнер на белгиската компанија „ODOO“, што нуди ,,опен сорс” софтвер во облак. Тоа е големо олеснување за компаниите, кои ако во минатото морале да купат софтвер и да го инсталираат на сервери, сега можат безбедно да го користат во облак. Софтверот е едноставен за употреба, а менаџерот во секое време ќе знае што се случува со неговата компанија. До облакот може да пристапува од било кој електронски уред, телефон, таблет, не мора да се грижи за набавка и обновување на лиценци, а податоците му се на располагање во било кое време и место, без разлика дали е на работа или на одмор. Важно е што облакот обезбедува и бекап, па доколку се случи хаварија на компјутерите, не може да им наштети на податоците. Сепак, и покрај сите предности, Јовановиќ-Локвенец смета дека на нашите менаџери се уште им треба многу информирање за да ги согледаат предностите на овие решенија.

„Неодата“, посочува таа, со своето дводецениско искуство на македонскиот пазар, е компанија која нуди креативност во ИТ секторот и определба да се развива сопствен софтвер. Тоа е голема предност пред конкуренцијата во земјава, но и во странство, бидејќи, според Јовановиќ-Локвенец, македонските ИТ компании се еднакво конкурентни со странските, со одлично едуцирани инженери кои ги следат светските трендови.

Во оваа индустрија можностите кои ги има еден вработен во САД се истите и во Македонија. Канцеларијата не значи ништо во географска смисла, потенцира Јовановиќ-Локвенец, бидејќи може да се работи за било кој клиент во светот, од било кое место. Тоа е иднината на ИТ индустријата, но и важен момент за нашите млади инженери. Токму тоа можеби е и предизвикот, кој, колку побрзо се осознае, толку побрзо ќе се стопира одливот на наши квалитетни, образовани и искусни кадри надвор од земјата.

„Мораме многу порано да почнеме да ги едуцираме децата. Класичното ИТ образование треба да започне во основно училиште, затоа што веќе и не постои професија која не бара некое дигитално предзнање. Нашите високообразовни институции произведуваат квалитетни кадри, но ние во ’Неодата’ знаеме да вработиме и некој што нема факултетска диплома, но има знаење, што значи ги поддржуваме и институциите кои нудат неформално образование“, вели Јовановиќ-Локвенец.

Споделување со заедницата

Работејќи во област која е многу атрактивна, во „Неодата“ сме свесни, вели Јовановиќ-Локвенец, дека нашата професија и нашите искуства треба да ги споделиме со заедницата. Тргнувајќи од оваа позиција компанијата донираше „Арахна“ на Факултетот за човечки ресурси, при Универзитетот за Туризам и менаџмент, каде студентите можат да осознаат за Digital HR уште за време на студиите, а нашата компанија одржува презентации и обуки. Во 2017 година добивме и признание како општествено одговорна компанија која поттикнува општествен и економски развој на самохраните мајки, а Јовановиќ-Локвенец и лично беше ангажирана како менторка на овој проект.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!