8.7 C
Skopje
среда, октомври 21, 2020

Централниот дел на Лондон ќе користи 100% обновлива енергија до крајот на годинава

Kabtel desktop

Градот Лондон, односно централниот дистрикт на Лондон наскоро ќе се префрли целосно на обновлива енергија. Почнувајќи од октомври 2018 година дистриктот сите свои потреби за енергија ќе ги задоволува со чиста енергија добиена од соларните панели кои ќе се постават на локалните згради, а ќе се инвестира и во големи проекти за соларна енергија и енергија од ветар.

Иако сега повеќе нема површина од една квадратна милја како порано, се уште е финансиски центар на градот и на светско ниво. Оваа „зелена“ трансформација на центарот на Лондон испраќа силна порака до светот за климатските промени, пишува Inhabitat.

Во своите планови за трансформација на енергетскиот систем, City of London Corporation ќе соработува со повеќе институции во Лондон како училишта, социјални центри, маркети итн, на кои ќе бидат поставени капацитети за обновлива енергија.

Централниот дистрикт на Лондон е еден од многуте градови во светот кои преземаат мерки за исполнување на обврските од Парискиот климатски договор, дури и кога националните влади не прават ништо. „Со генерирање на наша сопствена енергија и инвестирање во обновливи извори ние даваме свој придонес за исполнување на националните и интернационалните енергетски таргети“, велат локалните власти.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •