7 C
Skopje
недела, февруари 28, 2021

ЕБОР и Охридска банка ќе нудат 10 милиони евра повластени кредити за мали и средни претпријатија

Kabtel desktop

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Охридска банка – Сосиете Женерал вчера потпишаа договор со кој на малите и средни претпријатија во Македонија им се ставаат на располагање 10 милиони евра повластени кредити за инвестиции.

Како што рече министерот за финансии Драган Тевдовски, кој присуствуваше на потпишувањето, оваа кредитна линија со вкупен фонд од 30 милиони евра, од кои шест милиони се грант од ЕУ, претставува ликвидносна инјекција која ќе придонесе за придвижување на малите и средни претпријатија (МСП).

„Кредитната линија од ЕБОР, преку Програмата за поддршка на конкурентност и иновативност, е стимул за вложувања во нови производни капацитети и отворање на нови работни места. За време на годишните состаноци на ЕБОР со претставници од банката зборувавме за вложувањата во приватниот сектор и заклучивме дека ова е навистина добар проект“ рече Тевдовски.

Повикувајќи се на статистичките податоци, Тевдовски потсети дека 99% од вкупниот број фирми во Македонија се мирко, мали и средни претпријатија. Тие се носители на 75% од работните места и креираат околу 65% од додадената вредност во бруто-домашниот производ.

„Ако се земе ова предвид, може да се заклучи дека малите и средни претпријатија се `рбетот на економијата. Затоа приоритет на Владата е нивна поддршка и подобрување на пристапот до финансии“ потенцираше Тевдовски.

Кредитната линија содржи механизми за стимулирање на инвестициите. Малите и средни претпријатија за 15% од реализираната инвестиција ќе може да добијат поврат на средствата во форма на грант. Ваквата пракса ќе даде добри остварувања, бидејќи фирмите ќе бидат мотивирани да го завршат проектот.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •