9 C
Skopje
четврток, јуни 4, 2020

Messenger воведе автоматски превод на англиски и шпански јазик

Kabtel desktop

Новиот виртуелен асистент на Facebook, M Translations, сега може да ги преведува сите ваши разговори во Messenger на шпански или англиски јазик со само еден допир на екранот. Сите корисници на апликацијата САД или Мексико сега имаат пристап до новата опција за превод, пишува Klix.ba.

Со новата опција Messenger ќе препознава странски јазици и ви нуди превод на англиски и на шпански јазик. Доколку го прифатите преводо, опцијата M Translations ќе ви понуди автоматски превод на секоја наредна порака во текот на разговорот која не е на зададениот јазик.

Facebook опцијата M Translations ја претстави на конференцијата F8, која се одржа во мај годинава. Претставници на оваа социјална мрежа сметаат дека виртуелниот преведувач ќе спои повеќе корисници од различни земји. Иако M Translations засега нуди само превод на англиски и на шпански јазик, Facebook во иднина ќе вклучи и други јазици. Виртуелниот асистент сега работи во 11 земји, главно на англиско-шпанско говорно подрачје.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •