-7.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

На првиот повик за микро, мали и средни претпријатија се јавиле 236 компании кои бараат 33 милиони евра!

Kabtel desktop

“Показател дека се врати ентузијазмот кај младите луѓе за инвестирање, кои имаат иновативни идеи, се над 236 апликации кои пристигнале на првиот јавен повик на Фондот за иновации и технолошки развој, а се дел од мерките од планот за економски раст“, посочи вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

На денешната презентација за интересот на мали и средни препријатија кои бараат поддршка од Владата за нивните бизнис идеи, Анѓушев  истакна дека вкупната инвестиција на компаниите што аплицирале е 52 милиони евра, од кои бараат 33 милиони помош од Фондот, а 19 милиони евра се нивна сопствена инвестиција.

„Ние сме среќни и задоволни што 208 од нив, 88% се во делот на иновативноста што само покажува дека Македонија има млади иновативни луѓе кои што имаат идеи и дека Владата ќе биде секогаш со нив да ги поддржи. Ние сме среќни што ќе имаме можност на овие млади луѓе да им овозможиме да креираат и формираат фирми и да ги искажат своите идеи“ – изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Директорот на Фондот, Јован Деспотовски истакна дека 93 проценти од средствата кои компаниите ги побаруваат за поддршка на инвестициите се во делот за развој на иновации, потенцирајќи дека преку иновациите ќе се забрза економскиот раст.

„Овие бројки покажуваат колкав е апетитот на домашните компании за ваков тип на финансиска поддршка во економијата. Исто така покажуваат дека со правилна финансиска поддршка од Владата, компаниите се подготвени да инвестираат и сопствени средства“ – рече Деспотовски.

Најмногу интерес за инвестиции има во ИТ областа, потоа следуваат од енергетиката, технологијата и машинството, трговијата и градежништвото.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!