3.4 C
Skopje
сабота, јануари 23, 2021

Најголемиот македонски онлајн огласник Пазар3 се прошири во Србија, Косово, Албанија и Црна Гора! Следни се Словенија и Туркменистан

Kabtel desktop


Онлајн платформата Пазар3 е најголемата продавница во земјава каде за секој купувач се наоѓа огромен избор на најразлични производи и услуги. Со над 300.000 активни огласи во секој момент, на оваа веб страна се продаваат автомобили, недвижности, мобилни телефони и друга електроника, миленици, растенија и колекционерски предмети. Пазар3 е пионер во македонската онлајн трговија, со над десетгодишно успешно работење. Веќе подолго време оваа компанија успешно работи и на пазарите во регионот, но и на дестинации нетипични за инвестирање од страна на македонски компании, како што е Авганистан.

За досегашниот развој на компанијата, за нивната посветеност на клиентите, како и за идните планови, „Иновативност“ разговараше со Ајлин Шеали, извршен менаџер во Пазар3.

(Разговараше- Сања Наумовска)

Г-ѓа Шеали, Пазар 3 е најголемото место за онлајн тргување во нашата земја. Објаснете ни како започна и како се градеше брендот во изминатиот период?

Нашата приказна започна во jули 2006 година, со лансирање на веб сајтот Pazar3.mk. Тоа беше нова платформа, нов начин на купување и продавање, со која започна и една нова дигитална ера, каде само со еден клик секој може да купи и да продаде се` што ќе посака. Пазар3 има голем придонес во онлајн купувањето, бидејќи направи трансформација од традиционалниот начин на купопродажба во нов дигитален пазар. Официјалното пуштање во употреба на веб сајтот следуваше со огромен успех. Прво, огласувањето беше бесплатно, но подоцна, со цел да се елиминираат несериозните огласи и злоупотреби и да се достигне врвен квалитет на нашите услуги, огласувањето почна да се наплаќа. Со тоа, корисниците ги добиваат услугите со врвен квалитет и постојана корисничка поддршка. Нашиот тим е секогаш достапен за да им помогне на корисниците. Да се стекне доверба на огласувачите и купувачите не е лесно, но веруваме дека успеавме во тоа и секој ден се стремиме кон подобрување на нашите сервиси. Посветеноста на задоволството на нашите купувачи е клуч на успехот. Крајните корисници ни се физички лица и компании. Работиме со B2C и B2B бизнис моделите, фоксурајќи се на задоволство од целиот процес на огласување.

Бројките од над 1.600 огласи на ден и над 2 милиони посетители месечно на Пазар 3 делуваат импозантно. Кои деловни одлуки беа пресудни за да се достигнат?

Ние веруваме во моќта на корисниците, за нив постоиме и сакаме да добијат услуга која ја заслужуваат. Опслужуваме голем број на корисници, но целта на бизнисот не е само да се заработи и да се направи профит. Напротив, финансиските резултати секогаш треба да бидат само индикатор за постигнатиот успех. Тимот на Пазар3 постојано се грижи дали корисниците ја добиваат услугата која ја бараат. Доколку имаат нејаснотии или некакви проблеми при огласување, секогаш ги контактираме за да им помогнеме. Секако, тимот за грижа на корисници ги следи низ целиот процес и им дава помош за се што е потребно. Сметам дека одлуките за постојано зголемување на квалитетот на услугата и задоволството на клиентот се меѓу најважните за нашиот успех.

Какви услуги им нудите на клиентите и кои се најинтересни за нив?

Pazar3 нуди неколку видови на продукти.  Меѓу првите се нудеше опцијата за регистрирање на оглас за продажба на предмети и презентирање на услуги. Постои можност и за регистрирање на кориснички профил. На Пазар3 секој може да продаде се` што ќе посака и тоа брзо, лесно и едноставно, во само неколку чекори. Огласените производи се продаваат во рекордно време, имаме примери дека автомобил се продал за 2 часа од времето на објава. Секој кој сака да постигне брза продажба и поголема видливост на огласот, платформата нуди можност да активира екстра опција за топ позиционирање, со истакната позадина или во галерија. Автоматското обновување и смс нотфикациите се исто така доста интересни функции.

Клиентите, особено правните лица, можат да регистрираат и продавница и да ги промовираат своите производи. Со тоа, компаниите добиваат дополнителни попусти за регистрација и обнова на оглас. За секој што сака брендирање, таргетирана кампања или промоција, Пазар 3 е вистинското место. Со поставување на банер, брендот ќе биде видлив од страна на 60.000 посетители на ден. Нудиме и таргетирани кампањи според одредена локација или категорија. На пример, ако целта на некоја компанија е да стигне до група клиенти што сака да купи автомобил, може да се рекламира само во таа категорија.

Опцијата шопинг е насочена кон онлајн продавниците. Целта е сите производи што се продаваат онлајн да се соберат на едно место и корисниците да можат да направат споредба на цени. Процесот на купување продолжува од веб страната на самата компанија што го нуди продуктот. Како најинтересни услуги можам да ги наведам и екстра опциите со кои се постигнува навистина брза продажба и огласување со банер за правни лица, каде што има неверојатна видливост на бреднот. Исто така услугата за онлајн чат е доста корисна, бидејќи преку неа огласувачот и купувачот можат директно да комуницираат.

Што се продава најмногу и најбрзо?

На Пазар 3 се` се продава брзо, но најголем интерес има за огласите за автомобили и недвижности. Продажбата зависи од квалитетот на огласуваниот продукт, начинот на промовирање, достапноста на огласувачот и други. Можеме да кажеме дека автомобилите се прегледуваат и продаваат најбрзо. Потоа следуваат недвижностите, мобилните телефони итн.

Какви предности им нудат веб продавниците на купувачите и на продавачите?

Веб продавниците им даваат многу можности и предности и на продавачот и на купувачот. Како продавач, огласувачот добива при-пејд сметка и добива попусти за регистрација и обнова на огласи, детален преглед на трансакциите, детални статистики и сите огласи може да се видат во склоп на профилот. Од аспект на купувач, предноста е што може да се има увид за одредена компанија и кога ќе се разгледува еден оглас од продавницата, ќе може да ги види и остантите огласи од истата.

Што е разликата меѓу веб продавницата и опцијата шопинг?

Веб продавница, како што спомнавме погоре, претставува услуга за регистрирање на огласи од страна на компании со бројни предности. Шопинг преставува функција каде што целта е сите онлајн продавници да се соберат на едно место и корисниците да можат да направат споредба на цени за одреден продукт. На пример, ако некој бара лаптоп, ќе може да слекетира одреден бренд и да провери цени во различни продавници. Ако се одлучи да го купи, преку линк од продавницата се поврзува до продавачот и процесот на купување продолжува од веб страната на продавницата. Целта која сакаме да ја постигниме со оваа функција е поттикнување и зголемување на онлајн продажбата. Компании добиваат бесплатно рекламирање на производите, можност за зголемување на посетеноста на нивната веб страна, и можност за зголемување  на продажбата.

Неодамна информиравте дека ја проширивте дејноста и на нови пазари во соседството. Колку е тешко да се биде чекор пред конкуренцијата?

Да, дејноста е проширена во нови пазари во соседството, вклучувајќи ги Србија, Косово, Албанија и Црна Гора. Во Косово и Албанија имаме голем број на посети и бројки што докажуваат дека успеваме. Веб сајтот во Албанија има повеќе од 60.000  посети на ден, додека во Косово се реализираат дури неверојатни 100.000 посети на ден. Да се биде чекор пред конкуренцијата секако дека е тешко, собено затоа што лидерската позиција треба да се зачува. Но, ние сме поветени на нашата цел, секогаш да нудиме услуги со врвен квалитет.

Работите и во Авганистан, пазар нетипичен за наша компанија. Од каде одлука баш за ваква инвестиција?

Пазарот во Авганистан е голем, а земјата со бројна популација. Ваков вид на платформа  за оваа земја е нов концепт и има потенцијал да се развива, а ние тука ја видовме нашата шанса. Тоа што имавме контакти со локални агенции ни преставуваше предност.

Последна новина на Пазар 3 е андроид апликацијата. Какви предности ќе им донесе на клиентите?

Светот се менува, а во модерното живеење секоја минута е ценета. Со андроид апликацијата, Пазар 3 е секогаш поблиску до корсниците. Преку апликацијата целокупната понуда ја имаат при рака, во реално време, 24/7.  Кога ќе сакаат нешто да продадат, купат или да заменат,  со неколку кликови на телефонот ќе завршат работа. Нашиот фокус е задоволство на крајните кориснци и секогаш се стремиме да им овозможуваме најлесен пристап до веб сајтот.

Која е вашата следна цел, подготвувате ли нови проекти?

Пазар 3 секогаш работи на подобрување и воведување новини. Креираме долгорочни стратегии и се фокусираме на максимално квалитетни услуги. Меѓу нашите идни проекти се планирани лансирање и на iOS апликација, а ќе следува и подобрување на дизајнот на платформата на Пазар 3. Во блиска иднина планираме и еден интересен проект, отворање на социјална апликација што ќе се вика bonbona.com, но и на веб сајт наменет само за возила.  Можно е и проширување на дејноста во Словенија и Туркменистан. Работиме активно и на подобрување на проектот за шопинг преку алатка за споредба на цени, како и на dropshipping проект за балканскиот регион.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •