9 C
Skopje
четврток, ноември 14, 2019

Го изгубивте мобилниот телефон? Вака најлесно ќе го најдете

Kabtel desktop

Ако користите паметен телефон, па дури и таблет со iOS, Android или Windows систем, голема е веројатноста да има вграден софтвер за следење. Вообичаено, тие апликации функционираат преку сметка врзана за вашите уреди. За Аndroid уредите тоа е профилот на Google, за iPhone е iCloud, a за Windows е профилот на Microsoft.  Сите три ви овозможуваат далечинско заклучување и бришење на податоците од телефонот, подесување на алармот и поставување посебни пораки за тој што ќе го најде.

Сепак, внимавајте кому ги давате своите лични податоци, дури и ако тоа е личноста која сака да ви го врати мобилниот телефон. Немојте никому да му ги кажувате својата домашна адреса и држете се до телефонски броеви или имејл адреси.

Android не ја нуди само услугата на Google за пронаоѓање и управување со уредот на далечина, туку и бројни апликации од трети страни наменети за пронаоѓање на паметниот телефон. Сепак, налесно е да кликнете на Find My Device, кој е вграден во секој Android од верзијата 2.3 наваму, а може да се симне и како апликација.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •