Се повеќе приговори за корисниците на електронски комуникациски услуги. Најмногу се жалат на Интернетот!

- Advertisement -

Бројот на приговори на корисниците на електронски комуникациски услуги во Македонија бележи зголемување во однос на 2017 година, се наведува во денеска објавениот извештај на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) од испитување на јавното мислење од аспект на заштита на корисниците на електронски комуникациски услуги/резиденцијални корисници.

Според анкетата, спроведена од 31 мај до 14 јуни годинава кај 1.100 испитаници, преку телефон најмногу приговарале корисници на интернет – 32,6 проценти од домаќинствата во кои се користи, по што следат за телевизија – 22,5 проценти од домаќинствата во кои се користи услугата од оператор, па за фиксна телефонија – 12,5 проценти од корисниците. Најмалку по телефонски пат се жалеле корисниците на услугата од мобилна телефонија – 11,8 проценти.

- Advertisement -

Писмени приговори, пак, поднеле најмногу корисниците на фиксна телефонија – 1,9 процент, по нив следуваат домаќинствата во кои се користи услугата интернет со 1,7 проценти и услугата телевизија со 1,4 проценти од домаќинствата во кои се користат тие услуги. За мобилна телефонија се приговарало најмалку и со писмени приговори, односно 1,1 проценти од домаќинствата.

- Advertisement -

Според испитувањето, споредено со минатата година, кај секоја од електронските комуникациски услуги има благо зголемување на корисниците со исклучок на телевизијата која постепено опаѓа од 2016 година. Мнозинството од корисниците се задоволни од цените и од квалитетот на услугите, при што сумираното задоволство (сума од одговорите „многу сум задоволен“ и „задоволен сум“) од квалитетот е најголемо кај услугата фиксна телефонија (85 проценти), а потоа следуваат услугите телевизија (76 проценти), мобилна телефонија (76 проценти) и интернет (74 проценти).

Генерално, задоволството од цените на телекомуникациските услуги во 2017 година бележат благ раст во однос на претходната година, освен кај услугата телевизија, каде се намалува задоволсвото од претходната 2017 година за девет проценти. Најголемо задоволство од цените се забележува кај корисниците на фиксна телефонија (79 проценти), по што следуваат корисниците на интернет (71 процент), па корисниците на мобилна телефонија и телевизија со по 70 проценти.

- Advertisement -

Лојалноста е највисока кај корисниците на услугата мобилна телефонија, односно 76,4 проценти од испитаниците се изјасниле дека доколку моментно треба да одберат оператор, би останале на истиот оператор. По нив следи услугата фиксна телефонија, за која 74,4 проценти од корисниците би останале на истиот оператор, кај услугата интернет каде 71,3 проценти од корисниците се изјасниле дека би останале на истиот оператор, додека лојалноста е најниска кај корисниците на услугата телевизија – 66,5 проценти од испитаниците би останале на операторот што го користат

Сподели!
- Advertisement -