17.1 C
Skopje
сабота, јуни 6, 2020

Microsoft и американскиот малопродажен синџир Wal-Mart склучија стратешко партнерство

Kabtel desktop

Малопродажниот гигант Wal-Mart објави стратешко партнерство со Microsoft, кое ќе му помогне во развојот на технологијата во облак и вештачката интелигенција со цел побрз и полесен шопинг во компанијата, пишува Business Insider.

Двете компании ќе потпишат договор во времетраење од 5 години, а технологијата на Microsoft ќе му помогне да држи чекор со е-трговецот Amazon. Поточно, Wal-Mart сака да се одбрани од малопродажните амбиции на Amazon и да го засили своето присуство на Интернет.

Самиот факт дека приходите на Amazon минатата година пораснале за 31%, додека на Wal-Mart пораснале за само 3% во однос на 2016 година, покажува колку брзо расте Amazon. Освен тоа, во текот на минатата деценија вредноста на акциите на Wal-Mart пораснала за 40%, а на Amazon за неверојатни 2.200%.

Но, она што најмногу го поттикна партнерството е аквизицијата на Amazon на Whole Foods, која ја засили тензијата меѓу најголемите светски интернет продавници и малопродажната заедница. Поради тоа Wal-Mart одлучи да стави крај на тоа и да ја замени својата постојна структура со технологија во облак со помош на Microsoft.

Интересно е тоа што веста за партнерството стигна само неколку часа откако престана да функционира интернет-страницата на Amazon на прочуениот Prime Day, односно на првиот ден од големите летни попусти на Amazon.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •