-7.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

До 2030 година 72 милиони нови домови ќе користат соларна енергија

Kabtel desktop

Како што климатските промени го менуваат начинот на кој живееме и не принудуваат да размислуваме како нашиот животен стил влијае врз планетата, се повеќе луѓе се префрлаат на обновлива енергија. Нов извештај на аналитичари од Bloomberg New Energy Finance ја анализира важноста на децентрализираните електрични мрежи во модерниот свет. Според тој извештај, до 2030 година 72 милиони нови домови ќе користат соларна енергија бидејќи пристапот до евтини, одржлив извори на енергија ќе се зголеми.

Ова е одлична вест не само за сите кои сакаат да се откажат од традиционалните енергетски ресурси, туку и за сите луѓе од земјите во развој или руралните средини каде што има ограничен или никаков пристап до електрицитет. Извештајот се совпаѓа со средбата на делегатите на Обединетите нации во Њујорк неделава, која има за цел да се анализира напредкот кон достигнувањето на целите за одржливост на Обединетите нации.

Во извештајот се наведува дека децентрализираните системи, вклучувајќи ги и тие кои се напојуваат со обновлива енергија, можат и мора да го затворат јазот на еколошки начин. Всушност, се проценува дека вкупната инвестиција потребна од индустријата за да се постигне тоа изнесува околу 372 милијарди долари.

Обединетите нации ги повикуваат земјите да се префрлат на децентрализирани системи за децентрализирано генерирање и складирање енергија. Иако струјата е откриена пред околу 136 години и е нешто што го земаме здраво за готово, околу 16% од светската популација или приближно 1,2 милијарди луѓе се уште немаат пристап до неа. Во извештајот се наведува дека доколку работите одат според планираното и не се прошири примената на деценрализирани електрични мрежи, до 2030 година 700 милиони луѓе уште нема да знаат што е тоа електрична енергија.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!