33 C
Skopje
четврток, јули 2, 2020

ВИДЕО: Студио за дизајн прави џиновски кинетички брановидни скулптури во воздух

Kabtel desktop

Џиновски сребрен бран лебди над еден плоштад во Лос Анѓелес. Тоа е Liquid Shard, кој ја имитира природата и се извишува од 3 до 4,5 метри во воздухот, постојано трансформирајќи ја формата. Инспирацијата за ова уметничко дело дошла од начинот на кој се движат во јата рибите под вода, птиците на небо или стадата животни.

Скулптурата ја направи Poetic Kinetics, студио за дизајн кое е специјализирано за скулптури кои се многу поголеми од реалните предмети или живи суштества кои ги имитираат. Нивната главна цел е да го разубават понекогаш премногу интензивниот живот во градовите.

Poetic Kinetics патуваат низ целиот свет и поставуваат неверојатни уметнички инсталации, како што е птицата феникс во Санкт Петерсбург.  Притоа, сите скулптури се специфични за конкретната област каде што се поставени и нема две исти во светот.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •