2.3 C
Skopje
понеделник, декември 9, 2019

Генијална реклама за еластични костуми со ultimate fight ѕвезди

Kabtel desktop

Во случај наредната забава на работното место да се претвори во вистински борбен ринг, корпорацијата PVH Corp, односно нивниот бренд за класични костуми Van Heusen го има решението за вас. Компанијата направи нова линија класични машки костуми Flex Collection, направена од иновативни и еластични материјали кои овозможуваат некои навистина неверојатни движења.

Освен иновативниот производ, она што најмногу го привлече вниманието на јавноста деновиве е рекламата со која ја претставија новата колекција. Во партнерство со Ultimate Fight Championship во нивната реклама се појавува двајца борци, Ти Џеј Дилашо и Стивен Вондербој Томсон, кои со своите неверојатни борбени зфаати покажуваат колкава слобода ви овозможува новата канцелариска облека.

Во продолжение погледнете ја и навистина иновативната реклама.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •