- Advertisement -
Две стартап компании нудат испорака на гориво за возила директно до местото на кое е паркиран автомобилот
Жителите на некои градови во Русија можат да купат гориво онлајн од две стартап компании кои нудат испорака директно до местото на кое е паркиран автомобилот.
Оваа услуга веќе е достапна во Северна Америка и Европа но може да биде особено привлечна во Русија имајќи ги предвид суровите зими во оваа земја, пренесува агенцијата Ројтерс.
Стартапот “Гориво во резервоар“ и “Пумпа“ по прием на нарачката преку апликација точат гориво на местото каде што е возилото, дури и ако сопственикот не е таму.
- Advertisement -
Овој вид на услуга засега е достапна во четири града- Москва, Санкт Петерсбург, Сочии и Краснодар.
- Advertisement -
- Advertisement -