2 C
Skopje
понеделник, декември 9, 2019

Новиот оперативен систем Android 9.0 Pie конечно стигнува на мобилните платформи

Kabtel desktop

Android Pie официјално е името на новиот оперативен систем на Google, кој сега е достапен само на Pixel и Essential мобилните уреди, но до крајот на годинава и на почетокот на идната конечно ќе биде вграден во бројни други уреди. Google покрај Android Pie системот, се обидува да ги направи мобилните телефони поперсонални, поефикасни, побезбедни и полесни за користење.

Овој систем ќе донесе низа нови функции базирани на вештачка интелигенција, како што се панели кои објаснуваат колку време поминувате на својот уред или новиот навигациски систем кој ќе биде подвижен со еден прст. Покрај Android Pie, уредите ќе бидат целосно прилагодени на потребите на корисниците.

Се очекува дека Android Pie најпрвин ќе биде вграден во уредите на Nokia и во третата генерација Google Pixel мобилни телефони, кои на пазарот стигнуваат во октомври годинава. Според написите во странски медиуми, телефоните Nokia Android One ќе бидат ажурирани со системот Android 9.0 Pie до крајот на август. Новиот систем ќе го добијат и Nokia 8, Nokia 7, Nokia 6, Nokia 5, Nokia 3, Nokia 2 и Nokia 1, но не се знае точно кога.

Android 9.0 Pie ќе биде вграден и во новиот модел Honor, како и во Huawei Mate 20 Pro, кој ќе биде претставен во октомври годинава. До крајот на 2018 година уште неколку компании ќе бидат опремени со Android Pie, а тоа се Sony, Xiaomi, HDM Global, Oppo, Vivo и One Plus.

 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •