21 C
Skopje
среда, август 12, 2020

Стив Џобс ги користеше овие три едноставни прашања за Apple да ја претвори во најиновативна компанија во светот

UAKS desktop

Стив Џобс направи многу за да постигне успех. Научи техники за медитација, читаше необични книги и слушаше десет песни кои го инспирира и го мотивираа. Помагаше и на илјадници други луѓе да станат успешни и во текот на тој процес ја создаде наиновативната компанија на сите времиња. Тоа, меѓу другото, го постигна со редовно поставување на три едноставни прашања на својот тим. Еве кои се тие прашања.

Што е тоа што не функционира?

Шефовите ретко кога го поставуваат ова едноставно прашања од две причини: прво, сакаат да избегнат некој да вперува прст во нив, а второ, фокусирањето на проблемот наместо на решението има тенденција да го уништи моралот. За жал, избегнувањето на ова прашање може да резултира со тоа малите проблеми кои остануваат неспоменати да прераснат во конкретни проблеми. Џобсја реши таа дилема така што ги повикуваше соработниците и откако ќе им го постави прашањето „Што не функционира?“ им го поставуваше и „Што функционира?“. Тоа му помогна да стекне увид во проблемите и да ја искористи новата перспектива за да донесе најдобра одлука.

Зошто не функцинира?

Најголем дел од лидерите го избегнуваат ова прашање зашто не сакаат да навлегуваат премногу во детали и сакаат да избегнат прашањето да прерасне во бесмислена расправа за тоа кој е виновен. Но, Џобс беше свесен дека поставувањето на прашањето зошто за ограничувањата на дизајнот, производството и дистрибуцијата е тоа што ја отвора вратата кон иновации. Според една анегдота, Џобс го користел тоа прашање за во тоа време да ја поттикне идејата за лансирање на тогаш незамисливиот iPhone без физичка тастатура.

Дали е ова најдоброто што може да се направи?

Ова прашање е брилијантно и делотворно поради она што се подразбира и начинот на кој инспирира. Кога го поставувал Џобс, имплицитно констатирал две работи: прво, дека вработениот добро ја врши својата работа, а второ, дека нема да се задоволи со ништо што е помалку од неговите најдобри перформанси.Ова прашање ги поттикнувало вработените или да се посветат на квалитет во работата или да го ревидираат својот план од почеток.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •