14.9 C
Skopje
недела, ноември 17, 2019

Голем интерес за акцијата за бесплатен приклучок на Снабдување со топлина Балкан Енерџи

Kabtel desktop

Акцијата за бесплатно приклучување кон системот за централно греење со кој управуваат лиценцираните компании основани од БЕГ АД наиде на голем интерес кај правните лица и домаќинствата во градот Скопје. За само 10 дена колку што трае акцијата, пристигнаа 110 барања за приклучок во новата грејна сезона 2018/2019 година. Споредено со истиот период минатата година, интересот за приклучување кон системот за топлинска енергија е зголемен за над 50 отсто.

Повеќегодишното подобрување на квалитетот на услугата и намалувањето на цената која во периодот од 2013-та до 2018-та година вкупно се намали од 33% до 66%, во зависност од категоријата на потрошувачи, очекувано го зголеми интересот кај потрошувачите. Акцијата за бесплатен приклучок трае до 15 септември 2018 година, потоа до 30-ти септември корисниците ќе плаќаат 50% од предвидените трошоци за оваа услуга. Од 1-ви октомври приклучувањето ќе се наплаќа во целост, согласно важечкиот ценовник.

Компаниите „Производство на топлина – Балкан енерџи“, „Дистрибуција со топлина – Балкан енерџи“ и „Снабдување со топлина – Балкан енерџи“ се посебни правни субјекти и секоја од нив поседува соодветна важечка лиценца издадена од Регулаторна комисија за енергетика издадени на 31.12.2012 година, кои се во целосна согласност со новиот Закон за енергетика.  Лиценцата за производство на топлина што ја поседува компанијата „Производство на топлина – Балкан енерџи“ е со важност од 35 години, лиценцата за дистрибуција на топлина што ја поседува компанијата „Дистрибуција со топлина – Балкан енерџи“ е со важност од 35 години, додека лиценцата за снабдување со топлина што ја поседува компанијата „Снабдување со топлина – Балкан енерџи“ е со важност од 10 години.

Подготовките за новата грејна сезона се одвиваат согласно планот, што е гаранција за непречен старт и одвивање на истата.

БЕГ АД ќе продолжи да соработува со сите надлежни институции како и досега. Искрено се надеваме на партнерски и сериозен пристап во делот на топлинската енергија на територија на градот Скопје, особено имајќи го предвид проблемот со загадувањето на воздухот, кој во голема мера може да се реши со поголема искористеност на системот за централно греење во Скопје.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •