11 C
Skopje
недела, ноември 17, 2019

Отворена првата домашна фабрика за производство на пелети

Kabtel desktop

Започна со работа првата домашна фабрика за пелети Eko Life, инвестиција вредна 3 милиони евра

Инвеститорот Ивица Јакимовски, истакна дека Eko Life е компанија која е дел од семејството Голден Арт со различна дејност но која се темели на исти вредности со целосно затворен технолошки процес за производство на пелети.

„Eko life е компанија со која ќе се даде акцент на еко производите во Република Македонија. Првиот производ со кој започнува производството е токму „Пелет“ со кој придонесуваме по повеќе основи во еко системот. Инвестицијата е проектирана од 3 милиони евра, временски период на реализација на инвестицијата е 6 месеци, вложени се 2 милиони и 300 илјади евра со што остатокот од 700 илјади евра ќе се инвестираат следните 6 месеци. Во моментот во фабриката се вработени 40 лица, а со инвестицијата во производство на дрвени производи, предвидено е бројката на вработени за следен период да се искачи на 100 лица“ изјави Јаќимовски.

Фабриката ќе работи со капацитет до три тона на час и веќе поседува неколку сертификати: сертификат за систем за управување со квалитет EN ISO 9001:2015; систем за управување со животна средина EN ISO 14001:2015 и сертификат FSC® Chain-of-Custody – C142648. Во постапка е добивањето на сертификатот EN Plus.

Фабриката не случајно е изградена овде, во моето и родното место и на моите родители, а голем дел од вработените се мои пријатели, соседи. Највредниот дел е еколошкиот сегмент, со примена на највисоки стандарди, без загадување, а радува тоа што овој крај ќе заживее економски и ќе влијае поволно на економијата на двете општини, Ранковце и Крива Паланка“, изјави сопственикот Роберт Јакимовски.

Пелетите имаат убедливо најмала емисиона вредност во однос на јагленот, нафтата и огревното дрво и согласно истражувањата греењето со пелети загадува 20 пати помалку отколку со дрва. Употребата на пелети за огрев, во домаќинствата и деловните објекти во земјите од Европската унија од година во година расте.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •