12.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

Системот за чистење на отпадот од океаните Ocean Cleanup е готов и ќе биде поставен во Тихиот Океан

Kabtel desktop

По повеќе од пет години развој, дојде моментот на вистината за проектот Ocean Cleanup Project. Членовите на тимот ги направија последните измени на првично замислениот систем за собирање на отпадот од океаните и останува уште помалку од една недела додека системот биде поставен кај купот отпад наречен Great Pacific Garbage Patch.

Осмислен од холандскиот претприемач и студент по воздухопловен инженеринг Бојан Слат, Ocean Cleanup Project е амбициозен подвиг да се исчисти огромната количина отпад од океаните.

Досега беа направени бројни измени и неколку прототипови беа тестирани на вода. Финалниот дизајн се состои од бариера во форма на U буквата со должина од 600 метри. Под вода има дел како платно што во комбинација со ветровите, плимата, осеката и брановите на површината на водата ќе собира пластика од Garbage Patch.

Сите делови од системот идниов викенд ќе бидат поставени на вода во Тихиот Океан. Во сабота, 8 септември, брод од типот Maersk Launcher, кој го носи името Вилсон по познатиот одбојкарски тим од филмот Cast Away, ќе го одвлече системот покрај Алкатраз, под мостот Голден Гејт, до Тихиот Океан. Тимот проценува дека системот ќе може да исчисти 50% од големиот куп отпад во Тихиот океан за 5 години.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!